среда, 22. јуни 2022. Вести денес: 157
АКТУЕЛНО

Падна владата во Бугарија, Кирил Петков повеќе не е премиер

home Вести

Се излеа реката Струмица кај Зубово (ВИДЕО)

Се излеа реката Струмица кај Зубово (ВИДЕО)

Силните врнежи од дожд предизвикаа зголемени водостои на реките во скоро целиот регион. Во струмичко најголем е водостојот на реката Струмица, која засега нема посериозни излевања, пренесува ТВ21.

Камерите на канал Вис денеска при обиколка на струмичко забележале одредени излевања на коритото на реката Струмица кај селото Зубово, но во поле каде нема насади и не се регистрирани штети.

Инаку, од утре не очекува постудено време, односно ќе има намалување на температурите, со можност за појава на снег, иако во овој регион е помала веројатноста.

УХМР апелира до граѓаните внимателно да се движат покрај водотеците, суводолиците и во клисурите, поради можност од појава на големи води, излевања, свлечишта и одрони.

Коронавирус