понеделник, 18. јануари 2021. Вести денес: 102
home Вести

Се испитува медиумска концентрација на ТВ 24 вести и Телекабел

Се испитува медиумска концентрација на ТВ 24 вести и Телекабел

Агенцијата за медиуми испитува дали постои недозволена медиумска концентрација кај ТВ 24 вести и Телекабел. Советот на Агенцијата одлучи да поведе постапка. Директорот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги вели дека ТВ 24 веќе еднаш побарале промена на сопственичката структура.

„На крајот на минатата година од истиот овој радиодифузер имавме барање за промена на сопственичката страктура, но Советот одлучи дека со таквото барање, ако се дозволи промена на сопственичката структура ќе се создаде недозволена медиумска концентрација, токму во смисла на член 36 од законот и го одби ваквото барање. ТВ 24 Вести незадоволни од одлуката на Советот поведоа постапка пред Управниот суд кој треба да се изјасни дали одлуката на Советот е според закон. Ставот на Советот, мој личен став и ставот на Агенцијата е дека таа одлука е 100% во согласност со законот и очекуваме иста одлука да донесе и Управниот суд“, вели Зоран Трајчевски директор на АВМУ.

На вечрашната седница Советот одлучи да поведе постапка и врз основа на изјава од сопственикот на Телекабел која создава дополнителен сомнеж.

По ваквите наводи според наши непотврдени информации во телевизијата и кабелскиот оператор влегле и Управата за јавни приходи и финансиската полиција.

Според законот не е дозволена медиумска концентрација, а она што е воочливо е тоа што телевизијата 24 вести е позната по провладините ставови и уредувачки политики.

Дали навистина постои ист сопственик и дали ќе се утврди сето тоа, или пак ќе се заташка работата низ институционалните лавиринти останува да се види во наредниот период.

Коронавирус