петок, 23. октомври 2020. Вести денес: 0
home Вести

Се грижиме за животната средина: УМС на ВМРО ДПМНЕ со акција делење на торби по повод интернационалниот ден заштита на животната средина 

Се грижиме за животната средина: УМС на ВМРО ДПМНЕ со акција делење на торби по повод интернационалниот ден заштита на животната средина 

Денеска по повод интернационалниот ден на животната средина републичката Комисија за животна средина и просторно планирање и републичката Комисија за економија и политика на УМС организираше акција делење на торби.

Пораката на УМС е помалку користење на пластични кеси и отпадоци кои тешко се разградуваат во природата со цел подигање на еко свеста како кај младите така и кај целокупното население.

Од УМС потенцираа дека оваа младинска организација ги следи светските трендови за здраво општество и заштита на животната средина затоа организира акции од ваков тип. Од УМС апелираат да ваквото совесно однесување како со ресурсите така и со природата треба да биде практикувано постојано и дека УМС како младинска организација се бори за подигање на еко-свеста.

УМС ќе продолжи со своите активности во делот на заштита на животната средина и еманципирање на младите луѓе дека животната средина мора и треба да се заштитува и да не се загадува а со тоа се заштитува целокупниот животински и растителен свет а со тоа и човекот.

Коронавирус