вторник, 26. јануари 2021. Вести денес: 147
home Вести

„Се е под контрола“ на Филипче донесе активни 21.728 случаи на коронавирус и вкупно починати 1847 пациенти

„Се е под контрола“ на Филипче донесе активни 21.728 случаи на коронавирус и вкупно починати 1847 пациенти

Министерството за здравство вчера информираше дека се регистрирани нови 1342 случаи на коронавирус на извршени 3399 тестирања.

Според податоците од Министерството, најголем број од позитивните случаи се во Скопје -479.

Куманово-52, Дебар-20, Штип-45, Прилеп-84, Тетово-58, Струга-52, Велес-59, Битола-83, Охрид-49, Кавадарци-42, Гостивар-63, Гевгелија-33, Струмица-29, Крива Паланка-12, Радовиш-12, Крушево-5, Кочани-33, Пробиштип-10, Демир Хисар-2, Македонски Брод-2, Пехчево-2, Берово-4, Валандово-4, Виница-4, Делчево-22, Кратово-7, Свети Николе-13, Кичево-31, Ресен-13, Неготино-18.

Институтот за јавно здравје регистрира 679 оздравени пациенти од: Скопје-266, Куманово-49, Штип-30, Прилеп-51, Тетово-1, Струга-30, Велес-13, Битола-56, Охрид-29, Кавадарци-22, Гостивар-2, Гевгелија-3, Струмица-16, Крива Паланка-3, Радовиш-10, Крушево-1, Кочани-14, Пробиштип-3, Македонски Брод-3, Пехчево-4, Берово-6, Валандово-2, Виница-8, Делчево-6, Кратово-8, Свети Николе-11, Кичево-21, Ресен-3 и Неготино-8.

Починати се 22 лица, седум пациенти од Скопје (70, 61, 73, 81, 62, 65 и 69г), еден од Куманово (79г), двајца од Штип (81 и 78г), четири пациенти од Прилеп (84, 68, 69 и 79г), еден од Струга (77г), двајца од Велес (72 и 73г), еден од Охрид (87г), еден од Гостивар (71г), еден од Струмица (67г), еден од Крушево (71г) и еден пациент од Берово (86г). Од нив еден пациент е починат вон, останатите се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 65231, бројката на оздравени пациенти е 41656, на починати е 1847, а бројот на активни случаи изнесува 21728.

Направените 3399 теста се преку: ИЈЗ-1220, ЦЈЗ Скопје-64, Авицена-303, Биотек-248, МАНУ -221, Жан Митрев (Филип Втори)-182, Систина со PCR метода -180, лабораторија Лаор –55, Судска медицина-18, ЦЈЗ Битола-61, Инфективна клиника-9, ГАК-11, Синлаб-74, Ремедика-19, лабораторија болница Козле-18, ЈЗУ (рапид тест) -715, УК Пулмологија со алергологија –1, лаборатории од странство-0.

Досега во земјата се направени вкупно 341.261 тестирања на Ковид -19.

Коронавирус