петок, 11. јуни 2021. Вести денес: 138
home Вести

Се докажува дали Заев бил дел од „Рекет“: Премиерот со скап адвокат, Николоски се брани сам

Се докажува дали Заев бил дел од „Рекет“: Премиерот со скап адвокат, Николоски се брани сам

Денес почна граѓанскиот судскиот процес во кој премиерот Зоран Заев го тужи потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски за клевета.

Николоски изјави дека Заев е врвот на пирамидата во случајот „Рекет“, по што премиерот го тужи.

Пред малку почна судскиот процес со разгледување на доказите со кои одбраната сака да прикаже дека Заев навистина била дел од Рекет.

На денешното граѓанско судско рочиште Николоски како доказ ја прикажа снимката од Бојан Јовановски како вели дека парите од Рекет треба да се бараат кај Зоран и Вице Заеви.

Инаку Николоски се брани самиот, без адвокат, а адвокат на Заев е Медарски.

ЕУРО 2020

Македонија