недела, 25. октомври 2020. Вести денес: 0
home Вести

Се дигитализира системот за координација во кризни ситуации

Се дигитализира системот за координација во кризни ситуации

Македонскиот систем за управување со кризи се уште не располага со потребните капацитети, а во земја со ограничени ресурси и буџет, проектите за негово унапредување се секогаш добредојдени.

Таков проект е и дигитализацијата на системот за менаџирање со природни непогоди, со чија помош за првпат сите институции задолжени за справување со кризи ќе бидат дигитално обединети, за полесно координирање при евентуална непогода.

Проектот се спроведува и е целосно финансиран од НАТО.

Креаторите велат дека неговата цел е да го спречи фундаметалниот проблем со кој се соочуваат сите институции при справување со природна катастрофа – немањето меѓусебна комуникација.

Целосната имплементација на проектот се очекува од 1-ви декември наредната година.

Досега со обука за примена на системот се опфатени 552 лица.

Коронавирус