сабота, 6. јуни 2020. Вести денес: 13
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Се бара повисока акциза: Во време на коронавирус буџетот ќе се полни врз грбот на граѓаните!

Се бара повисока акциза: Во време на коронавирус буџетот ќе се полни врз грбот на граѓаните!

За два денари да се зголеми акцизата за безоловниот бензин и евродизелот, додека акцизата за екстралесно гориво да се изедначи со акцизата за дизел горивото. Ова се дел од предлозите на Стопанската комора на Македонија како пакет решенија за справување со економските проблеми кои се резултат на коронавирусот.

„Со предложените мерки, во просек во државниот буџет, по основ на акцизи и ДДВ од продажбата на нафтените деривати, на месечно ниво би се прибрале средства поголеми за 3,8 милиони евра, односно 46,2 милиони евра на годишно ниво“, велат од Стопанската комора на Македонија.

Од Регулаторната комисија за енергетика сметаат дека со изедначувањето на акцизата за Екстралесното гориво и дизелот ќе се спречат злоупотребите што сега прават штета и на буџетот, но и еколошка штета.

„За изедначувањето на акцизата на Екстралесното гориво со дизелот, РКЕ имајќи ги предвид податоците, но и голем број на дојави за злоупотреба на ЕЛ кое понекогаш се користи како дизел гориво а акцизата е многу ниска и на тој начин се намалуваат приходите во буџетот во државата и со тоа се оштетуваат сите граѓани, апсолутно ја поддржуваме оваа мерка имајќи предвид и еколошкиот аспкет дека ЕЛ гориво е со далеку полош квалитет во однос на дизелот. Во однос на зголемувањето на акцизите на бензините и на дизелот ние немаме надлежност. Тоа е надлежност на Министерството за финансии, но очигледно е дека имаме драстичен пад на приходите во буџетот кои се однесуваат од акцизите и на бензините и дизелот бидејќи енормно е намалена потрошувачкаа на овие деривати“, вели Марко Бислимовски од РКЕ.

Од Макпетрол велат дека во повеќе наврати укажуваа и кај актуелната и кај претходните влади за злоупотребите со екстралесното гориво. Посочуваат дека истите се прават бидејќи акцизата за овој енергенс е за 9 денари пониска од акцизата за дизелот – и затоа има масовна злоупотреба, односно екстралесното се користи како погонско гориво што не е дозволено со закон. Дополнително, од Макпетрол посочуваат дека се согласни со предлогот за зголемување на акцизата за нафтените деривати.

„Имајќи предвид дека цените на дериватите во последниот период се намалени за повеќе од 20 денари, како и тоа дека Македонија во регионот, но и во рамки на ЕУ има најниска акциза, а при тоа земјата е во состојба каде продажбата на нафтени деривати е драстично намалена во споредба со лани, јасно е дека тоа значително ќе ги намали и приходите во буџетот и затоа сметаме дека ваквиот предлог од комората е оправдан, велат од Макпетрол.

Стопанската комората бара и реактивирање на продуктоводот Скопје-Солун, бидејќи земјава е една од ретките која има продуктовод што не го користи од 2013 година. Според Макпетрол и овој предлог за нив е прифатлив, би се намалила цената на дизелот – бидејќи ќе се намалат трошоците за транспорт на дизелот, но треба да се има во предвид дека ќе се намали и работата кај одреден број транспортери. Но, од друга страна ќе биде посигурно снабдувањето.

извор: telma.com.mk

Коронавирус