сабота, 19. јуни 2021. Вести денес: 48
home Вести

Сдсмовецот Арсовски призна: Политиката длабоко навлезе во културата поради власта

Сдсмовецот Арсовски призна: Политиката длабоко навлезе во културата поради власта

Што се однесува до политиката во културата, ништо не е различно како што е и во општеството. Значи, партијата која е на власт и коалицијата која е на власт она поставува свои луѓе кои што ќе ја водат културата и нормално од тука почнува и влијанието, политичкото влијание во културата, истакна Перо Арсовски во своето гостување во емисијата „24 Анализа“.

Арсовски додаде дека културата би требало да биде ослободена од политичко влијание, за жал парите сепак лежат во Владата и во Буџетот.

-Нормално е ако ја водиш власта, ако ја водиш Владата да ставиш свои луѓе во културата. Министерското место, директори на институции, на театрите, филхармонија. Тие и се финансираат од Буџетот. И на тие луѓе можеш и да се ослониш, рече Арсовски.

Арсовски посочи дека од тука започнуваат неминовните влијанија на политиката врз културата.

ЕУРО 2020

Македонија