петок, 29. јули 2022. Вести денес: 95
home Вести

СДСМ застана зад насилието на Адеми: ВМРО-ДПМНЕ прави тензии во Собранието

СДСМ застана зад насилието на Адеми: ВМРО-ДПМНЕ прави тензии во Собранието

Секогаш кога темата правда е на дневен ред во Собранието ВМРО-ДПМНЕ е нервозна, деструктивна, прави тензии а денеска дури се обиде да испровоцира и физичка пресметка, обвинува владејачката СДСМ.

Во соопштението се вели дека ВМРО-ДПМНЕ жестоко ги бранела криминалците на режимот.

-Тоа е така затоа што ВМРО-ДПМНЕ жестоко ги брани криминалците на режимот и секогаш ама секогаш е против функционален судски систем. Проблемот со недостаток на судии ВМРО-ДПМНЕ не сака да се реши само за да се намали ефикасноста на судскиот систем и во надеж дека тоа ќе значи забавување на предметите кои директно водат до Белиот дворец. Затоа ВМРО-ДПМНЕ од петни жили се труди да ја блокира Собраниската комисија, да не се продолжи мандатот на судиите и така да се забават судските предмети, се вели во дописот.

Според СДСМ, колку и опозицијата да прави тензии, секој кој се огрешил ќе одговара пред законот.

-Антонио Милошоски, за кого има веќе неколку предмети, е главен иницијатор на тензиите во Собранието, можеби затоа што лично е засегнат. Ако досега не му беше јасно на ВМРО-ДПМНЕ треба да му стане јасно, никој нема да побегне од правдата. Бадијала се прават тензии, секој што се огрешил од законот ќе одговара, се вели во реакцијата.

Коронавирус