сабота, 22. февруари 2020. Вести денес: 49
home Вести

СДСМ: Законот за минимална плата ги дава очекуваните резултати

СДСМ: Законот за минимална плата ги дава очекуваните резултати

Спроведувањето на Законот за минимална плата се одвива непречено и без сериозни импликации врз Буџетот и позитивно влијае врз растот на платите, велат од СДСМ.

-Од вкупно 90.000 граѓани кои сега добиваат повисока плата, субвенционирани се исплатите на плати на околу 10 000 лица, што е околу 10 отсто од вкупниот број граѓани коишто добиваат поголема минимална плата во висина од 12.000 денари. Процентот на искористеност на државната помош за исплата на минималната плата докажува дека претпријатијата се во добра кондиција, а економијата е стабилна, развојна и се движи во добар правец, соопштуваат од партијата.

Од партијата велат дека растот на минималната плата овозможи раст на просечната плата во текстилната, чевларската и кожарската индустрија.