среда, 30. септември 2020. Вести денес: 77
home Вести

„СДСМ, Заев и Анѓушев се фалат со инвестиции на владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ“

„СДСМ, Заев и Анѓушев се фалат со инвестиции на владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ“

СДСМ, Зоран Заев и Кочо Анѓушев продолжуваат да се фалат со инвестициите на владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Вицепремиерот Кочо Анѓушев денеска без нималку срам вели дека во Технолошко индустриската развојна зона „Скопје“ ќе има нов инвеститор индиска „Малхотра“, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Ова е инвестиција на ВМРО-ДПМНЕ, не на СДСМ. Влезот на компанијата беше најавен декември 2016 година, а градежните работи требаше да завршат на крајот на 2017 година. Владата на ВМРО-ДПМНЕ ја најави оваа инвестиција во висина од 9,3 милиони евра. Лагите на СДСМ се секојдневие. Единствена цел им е да ги излажат и изманипулираат граѓаните. Граѓаните веќе ги чувствуваат лагите на СДСМ. Затоа оваа влада треба да си замине. Граѓаните ќе стават крај на лагите и црнилата на СДСМ, се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Коронавирус