понеделник, 20. мај 2019. Вести денес: 120
home Вести

СДСМ за година ипол изгубиле дури 40% од гласовите споредбено со локалните избори

СДСМ за година ипол изгубиле дури 40% од гласовите споредбено со локалните избори

Темелната анализа на емисијата 360 степени на телевизија Алсат М за освоените гласови на заедничкиот кандидат на СДСМ, ДУИ и околу 30-тина други политички партии покажуваат дека Стево Пендаровски во првиот круг од претседателските избори освои 323,846 гласа, а доколку се земат во предвид резултатите на СДСМ, ДУИ и ДПА на локалните избори есента 2017 година, загубата на гласови кај власта за само година ипол изнесува 40 проценти од тогаш 523,170 освоени гласови.

Ако пак резултатот од првиот круг на претседателските избори се спореди со резултатот од предвремените парламентарни избори во 2016 година, разликата е уште поголема од тогашните 551,953 гласа за СДСМ, ДУИ и ДПА.

Според анализата, во 63 општини каде што Македонците се мнозинство или се најголема етничка група убедливо победува кандидатот за претседател поддржан од опозициската ВМРО-ДПМНЕ проф. д-р Гордана Силјановска Давкова, односно според податоците од изборите објавени на Државната изборна комисија Силјановска освоила 290,047 гласа, додека пак Стево Пендаровски во истите тие 63 општини освоил 264.672 гласа, или 25.000 гласа помалку од Силјановска.