петок, 14. мај 2021. Вести денес: 0
home Вести

СДСМ во договор со Нефи! Еве зошто Усеини е толку моќен

СДСМ во договор со Нефи! Еве зошто Усеини е толку моќен

Повеќе од 7 месеци ударна вест во сите медиуми, а и на сите прес конференции е лицето Нефи Усеини од Охрид. Нарачаните политички хајки, врз поединци, а со цел да се сокријат далеку покрупните „Риби“ во урбанистичкиот криминал во Охрид, а и пошироко, но и оне крупни сомови заплеткани во секојдневен криминал, едноставно за да се дефокусира јавноста од елементарните дневни проблеми, да се сокријат противзаконски деанија на одредена структура од власта, елегантно, пронајдоа дежурен виновник?!, пишува Охрид Скај.

МАВАЈТЕ ПО НЕФИ, А НИЕ ЌЕ СИ ТЕРАМЕ ПО НАШЕ, ТОА ЈАС ШТО ПОТПИШАВ НЕ СМЕЕ ДА СЕ ЗНАЕ?!

Целата игранка има свој почеток, таа започнува пред локалните избори за избор на градоначалник и советници во Општина Охрид кој се одржуваа на 15 Октомври 2017 година.

Пред локалните избори во 2017 година, тогашниот претседател на ОО СДСМ Охрид, Томислав Тунтев (екс пратеник, а сега удобно сместен во директорската фотеља во МННАВ), склучува коалициски договор со „Коалицијата заедно за Охрид“, претставувана од Нефи Усеини. Договорот требало да гради добри темели за едно опшество за сите, барем тогаш, па така Тунтев составил и потпишал коалициски договор со „Коалицијата заедно за Охрид“ претставувано од Нефи Усеини, каде секоја од двете страни имала своја обврска. Тогаш Томислав Тунтев, како претседател на ОО СДСМ Охрид, побарал од Нефи Усеини и „Коалицијата заедно за Охрид“, апсолутна поддршка за кандидатот за градоначалник на Охрид Др Јован Стојаноски, а за возврат Томислав Тунтев бил премногу дарежлив на хартија (потпишан договор). Од приложениот Факсимил од потпишаниот договор помеѓу „Коалицијата заедно за Охрид“, претставувана од Нефи Усеини и СДСМ Охрид, претставувана според званичниот документ од страна на Томислав Тунтев. Од тоа што може да се прочита од потпишаниот договор помеѓу ОО СДСМ Охрид и „Коалицијата заедно за Охрид“, може да се увиде, дека Тунтев ги дал на хартија, буквално сите раководни места во Општина Охрид и јавните претпријатија во Охрид на „Коалицијата заедно за Охрид“.

Еве каков договор составил Томислав Тунтев како претседател на ОО СДСМ Охрид:

-„Коалицијата заедно за Охрид“ бара вработување и тоа во слeдните сектори и одделенија:

1.Општина Охрид

-сектор за финансии

-сектор за даноци и комунални такси

-сектор за урбанизам и управување со градежно земјиште

-сектор за туризам и локален економски развој

-сектор за образование, детска, здравствена и социјална заштита

-Територијална протвпожарна единица Охрид

2.МЈП Проаква

3.ЈП Охридски Комуналец

4.ЈП Нискоградба Охрид

5.ЈП Градски Гробишта Охрид

6.ЈП Градски пазар

7.ЈП Билјанини извори

8.Основни и средни училишта

9.Градинка „Јасна Ристеска“ Охрид

Коалицијата „Заедно за Охрид“ бара до крај на мандат да се спроведе законската категорија и еднаква застапеност на работните места во Општина Охрид и Јавните претпријатија за кои како оснивач се јавува Општина Охрид.

Факсимил од потпишаниот договор:

Како што можете да видете и од самиот Факсимил, редакцијата ОхридСкај, овој договор го доби на ден 14-11-2017 година во 10:35 часот.

Целиот текст на Охрид Скај.

Коронавирус