среда, 27. јануари 2021. Вести денес: 0
home Вести

СДСМ во 2007 година поднеле 2300 амандмани на измени на Деловник со кои се пpeдвидувало задолжителен аплayз и 350 пати пpaво на збop

СДСМ во 2007 година поднеле 2300 амандмани на измени на Деловник со кои се пpeдвидувало задолжителен аплayз и 350 пати пpaво на збop

Тоа кое што денес СДСМ го посочува како опструкција и блокада на собранието во 2007 година од нивна страна било сметано за “борба за демократија со хартија“, “придонес за демократијата“, “цена на демократијата“, одговор на “злоупотребата на институциите во Република македонија од страна на една политичка партија“ и “право на збор кој никој не смее да го угуши“, пишува Инфомакс.мк

ВМРО ДПМНЕ, Левица и Алијанса-Алтернатива поднесоа над три илјади амандмани со цел да го спречат носењето на новиот деловник бидејќи според нив ваквото тенко мнозинство во Собранието не може да наметнува одлуки без да се консултира со опозицијата

– За жал немаше слух од страна на владеачкото мнозинство. Се поднесе овој деловник без консензус. Инаку знаете дека Жан Моне процесот е процес во кој консензуално се договараат одредени измени на Деловникот- вели координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски.

Власта предводена од СДСМ, пак од друга страна обвини дека на овој начин се блокира Собранието и прави опструкција.

Но само пред 13 години СДСМ на истиот начин со поднесување на 2.300 амандмани спречуваше носење на измени на Деловникот за работа на Собранието. Дел од тие амандмани беа апсурдни со кои се бараше френетични аплаузи или дури 350 пати да има секој пратеник право на збор, пренесува Инфомакс.мк

– Нашата борба за демократија е со хартија. Освен правото на говор, пратениците од опозицијата немаат друго демократско право за борба против недемократската власт.Ако сакате Парламентот да биде ефикасен, треба да почитувате најмалку три работи. Прво, да ја почитувате демократијата, работата, начинот демократски на работа на овој Парламент, да ја почитувате опозицијата и самите да си обезбедите кворум и да не се жалите повеќе на опозицијата, затоа што ако толку ви пречи опозицијата, демократски е вие како власт да го напуштите Парламентот. Битно е да се сочува демократијта во Парламентот, па макар и одлуката да биде вие да го напуштите Парламентот- рекол пратеникот на СДСМ Борис Кондарко на 12 февруари 2007 година

Во Јули 2007 година координаторот на СДСМ Јани Макрадули најавил дека пратеничката група на СДСМ ќе поднесе над 1900 амандмани на седницата за измени и дополнувања на деловникот на Собранието.

– Во последните два дена апелираме до предлагачите да го повлечат предлог деловникот. Предлагаме тој да се носи во две фази со широк консензус од сите партии , а не како што е предложено во една фаза.- вели Макрадули, координатор на пратеничката гурпа на 12 јули 2007 година.

СДСМ потоа со 2.300 амандмани се спротивстави на предлогот за измена на собранискиот деловник со кој се ограничуваа дискусиите на пратениците на 10 минути, а на координаторите на пратеничките групи на 15 минути. Според пишувањата на медиумите тогаш СДСМ поднела амандман со кој бара на секои 5 минути кога премиерот Никола Груевски зборува од собраниската говорница да има 30 секунди пауза за задолжителен френетичен аплауз од пратениците. Потоа премиерот да има право не само да го предлага владиниот состав туку и да донесува Деловник за работа на Собранието. Со друг амандман се предлага правото на премиерот да може да претседава со законодавниот дом кога ќе изрази желба и да му се овозможи завршен збор на секоја седница. СДСМ амандмански предлага на пратеникот да му се ограничи времето на зборување на 10 минути, ако има право да се јави 350 пати за збор.

Извор: ИНФОМАКС

Најнови вести

Коронавирус