понеделник, 8. март 2021. Вести денес: 179
home Вести

СДСМ ветуваше здрава и чиста средина, а граѓаните се гушат во ѓубре: Зелениково од најчиста општина стана депонија! (ФОТО+ВИДЕО)

СДСМ ветуваше здрава и чиста средина, а граѓаните се гушат во ѓубре: Зелениково од најчиста општина стана депонија! (ФОТО+ВИДЕО)

Зелениково до пред неколку години беше една од најчистите општини, а сега се претвора во депонија.

Граѓаните се гушат во ѓубре откако добија градоначалник од СДСМ, партија која ветуваше здрава и чиста средина.

Фотографиите од терен се загрижувачки.

Граѓаните на јавното претпријатие секој месец му плаќаат по 189 денари или повеќе од 2000 денари годишно плаќа секое семејство, а за тоа не добиваат никаква услуга. Повеќе од еден месец не е исчистен сметот од контејнерите, па цела општина мириса непријатно.

Откако Зелениково доби градоначалник од СДСМ, Борче Гиевски, граѓаните се сведоци на неговата негрижа во сите полиња, а еве особено во полето на животната средина.

Најголем дел од годината во Зелениково има ѓубриња на сите страни, а еве што ветуваше СДСМ во својата програма:

А кога ќе се собере ѓубрето, се прави уште поголема, нова, штета. Службите од општината прават диви депонии, па ѓубрето го фрлаат таму каде не смеат.

Погледнете го видеото во продолжение:

Коронавирус