сабота, 28. ноември 2020. Вести денес: 101
home Вести

СДСМ ветуваше поевтина струја, Анѓушев денес вели „Никој не може сигурност да каже дали струјата ќе поевтини во иднина“

СДСМ ветуваше поевтина струја, Анѓушев денес вели „Никој не може сигурност да каже дали струјата ќе поевтини во иднина“

Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев денес одговарајќи на новинарско прашање истакна дека никој со сигурност не може да стане дали струјата ќе поевтини во иднина.

-Никој со сигурност не може да каже дали цената на електричната енергија во иднина ќе биде пониска. Тоа е како прашањето да го поставите дали цената на нафтата или на некој метал ќе биде пониска, порача денеска вицепремиерот задолжен за економски прашања Кочо Анѓушев.

Тој ова го кажа одговарајќи на новинарско прашање на завршната работилница за Техничката поддршка на Република Македонија институционална поставеност на организираниот „ден однапред“ пазар за електрична енергија, а во врска со цените на струјата согласно новиот Закон за енергетика.

– Сепак можам да гарантирам дека со новиот Закон, цената на електричната енергија за граѓаните секогаш ќе биде поповолна во споредба со тоа што го нудеше претходниот, рече Анѓушев.

Ваквите изјави на Владата се спротивни на предизборните ветувања кои СДСМ им ги нудеше на граѓаните. Едно од нив беше толку намалувањето на цената на електричната енергија. СДСМ и Заев велеа дека ќе овозможат поевтина цена на струјата за граѓаните, но наместо тоа воведоа два часа евтина струја во текот на денот, кои според нив, ќе доведат до голема заштеда во домашниот буџет на секое семејство.

Додека беше во опозиција, СДСМ преку низа прес-конференции и партиски соопштение бараше струјата да поевтини за 30 проценти.

Најнови вести

Коронавирус