вторник, 17. септември 2019. Вести денес: 0
home Вести

„СДСМ ветуваа многу, но веќе две години состојбата во студентските домови е катастрофална“

„СДСМ ветуваа многу, но веќе две години состојбата во студентските домови е катастрофална“

Две години како СДСМ е на власт, состојбата во студентските домови е катастрофална. Нема инвестиции, нема проекти, ништо од ветеното не е остварено. Наместо подобри услови директорот на Државниот студентски центар – Скопје ветува дека ќе ги разеленува студентските домови. Господине Николовски на студентите поголем приоритет им е да ги опремите со мебел блоковите В и Г во студентскиот дом „Гоце Делчев“ за да можат да се вселат 600 студенти, кои наместо во студентски цела година беа сместени приватно и плаќаа високи кирии. Две години двата реконструирани блока не можат да бидат пуштени во употреба затоа што на Николовски поважно очигледно му е нешто друго, изјави претседателот на УМС на ВМРО-ДПМНЕ Јован Јаулески кој додаде:

„Две години пристапите кон студенткиот дом Гоце Делчев се калливи и полни со ѓубре, студентите незнаат дали се наоѓаат во студентски дом или во Дрисла. Состојбата е лоша и во другите студентски домови, во студентскиот дом „Кузман Јосифовски-Питу“ топлата вода за туширање се исклучува после 20 часот, што е период во кој студентите се враќаат во домовите и не можат да се истушираат, затоа што на некој му текнало да ја исклучи водата.
Додека најавуваат ново модерно мени, оброците се полни и зачинети со лебарки.“

Господине Заев, Дарко Каевски и Ивана Туфегчиќ дали знаете во какви субхумани услови живеат студентите. Ветувавте многу, а не направивте ништо. Ги разочаравте студентите. Дали за да се подобри храната е потребно да поминат уште две години? Дали за топла вода е потребно уште две години? Колку време е потребно за да се поправи лифт во студентски дом? До каде е изградбата на студентскиот град на местото на „Стив Наумов“, кој требаше да има библитеки, читални, ресторани и фитнес центри ? Ништо од тоа што ветивте не остваривте. Казната од младите доаѓа. СДСМ никогаш повеќе, потенцираше Јаулески.