понеделник, 18. октомври 2021. Вести денес: 28
home Вести

СДСМ уште еднаш ги изманипулира пензионерите, овој пат во Чаир: Задолжително ги повика на средба без да им соопштат дека е за политички цели

СДСМ уште еднаш ги изманипулира пензионерите, овој пат во Чаир: Задолжително ги повика на средба без да им соопштат дека е за политички цели

Власта уште еднаш докажа дека присилно сака да ги придобие пензионерите.

Имено, на Фејсбук страната „СДСМ Чаир“ се појави статус и фотографии од масовното присуство на пензионерите во пензионерскиот дом во Чаир, но зад сето тоа стои голема манипулација за која не знаеле ниту самите пензионери.

-Денес остваривме средба со пензионерите од пензионерскиот дом во Чаир. Присутни беа Билјана Јовановска директорка на ПИОСМ и пратеникот Илија Николовски.
Силно се заложивме за исправање на неправдите и сега:
➡️ Два пати годишно имаме усогласување на пензиите со трошоците на живот;
➡️ Пензискиот фонд е стабилен, пензиите растат и се исплаќаат редовно;
➡️ Ги подобруваме социјалните сервиси за заштита и помош на пензионерите;
➡️ Зголемени се капацитетите за сместувања на возрасни лица и пензионери;
➡️ До крајот на годината ќе работиме во правец на менување на системот за пресметка на пензиите при што ќе биде вграден и критериумот раст на просечната плата покрај критериумот раст на трошоци за живот, стои во нивниот пост на Фејсбук.

Додека власта се фали дека направиле премногу за пензионерите и дека допрва ќе направат, се дозна и како пензионерите всушност се појавиле на оваа средба.

На сите пензионери им биле пренесено преку соопштение да бидат присутни на средбата не откривајќи дека станува збор за политичка средба со владејачката партија.

Соопштение:

На ден 21.09.2021 година (вторник) во 18 часот во холот на домот ќе пристигне директорката на ПИОМ. Се молат сите станари задолжително да присуствуваат, од Управата, стои во нивното соопштение.

Ова е уште еден доказ дека власта манипулира, а најмногу со пензионерите.

Локални избори 2021