петок, 31. март 2023. Вести денес: 116
home Вести

СДСМ тешко го носи „Животот“ за младите во Македонија

СДСМ тешко го носи „Животот“ за младите во Македонија

Осум месеци СДСМ ја има комплетната власт во Република Македонија а животот на младите не е поместен ни милиметар а од таканаречената “Младинска гаранција“ нема ни трага ни глас.

СДСМ во предизборниот период во 2016-та година ветуваше дека веднаш дека ќе дојде живот за младите, дека ќе почнат со градење на нови студенски домови, дека младите лица до 29 години ќе добиваат субвенции во превозот па дури и дека ќе успеат да вратат дел од младите луѓе кои среќата си ја побараа во странство.

Секако дека ништо од ова не се случи. СДСМ на чело со Богоев и останатите им го збореа на младите луѓе токму она што сакаат да го слушнат. Жалното е што дури после 8 месеци ниту еден проект не само што е не е започнат туку не е ни во фаза на најава дека ќе започне.

Во програмата на СДСМ, “ За живот“ на страна 209 во главата насловена како Итни реформски приоритети на новата влада во првите 6 месеци има дел каде се зборува за мерки за младите.

Така СДСМ во оваа програма ќе напишат :

– Ќе воведеме „Гаранција за младите”. Во период од четири месеци по завршување на школувањето или станување невработен секој млад човек треба да добие понуда за вработување, можност да го продолжи образованието, да стапи на практика или тренинг за подготовка за вработување.   

– Ќе избереме 32 најдобри бизнис-планови, изготвени од млади кои ќе добијат грант од 10.000 евра, како и поддршка (правна, економска, сметководствена) во бизнис-центарот. Ќе водиме сметка и за правична регионална распределба на поддршката.  

Oва се само дел од ветувањата на СДСМ, а кој се однесуваат за младите. Освен ова и “Животот“ никако да пристигне. Секојдневно си заминуваат десетици млади во потрагата по среќа надвор од Македонија. Ете ВМРО-ДПМНЕ не е власт, се смени власта но затоа СДСМ се и во нивно време има исто толку многу заминувања на млади луѓе. Онаа црна пропаганда која ја тераа невладините и СДСМ дека ВМРО-ДПМНЕ е виновно за “егзодусот“ на младите пукна како балон.

Како пример во емисијата “360 степепени“ што се емитува на ТВ Алсат е земен градот Куманово. Во репортажата што ја има направено водителот се забележува дека нов тренд кај младите кумановчани е учењето германски поради заминувањето на младите во Германија. И тоа во последните месеци завзема огромни размери.

Според податоците само во првиот месец од Основниот суд во Куманово се издадени над 1000 потврди за неосудувани лица од кој поголемиот дел се за вадење на виза и напуштање на Македонија. Слична е состојбата и во останатите градови во Македонија. Младите луѓе ни под власта на СДСМ не ја гледаат својата иднина во Македонија изгледа дека “Животот“ што го ветуваше СДСМ тешко ќе стигне до нив.