петок, 30. октомври 2020. Вести денес: 109
home Вести

СДСМ стави рака и го парализира синдикалното организирање

СДСМ стави рака и го парализира синдикалното организирање

Дека СДСМ врши притисок врз синдикатите што го попречува и здружувањето по овој основ говорат низата на реакции од меѓународните претставници. А влијанието, притисоците се вршат во сите области на синдикалното здружување.

На почеток на месецов новото раководство на АД ЕЛЕМ кое го постави СДСМ направи се за да ги спречи редовните синдикални избори.  Покрај тоа раководството на СДСМ ги блокираше сите средства на синдикалната организација по основ на членарина и слично.

Практично вработените во РЕК Битола се жртва на политички притисоци со цел нивно зачленување во синдикат под контрола на власта. РЕК Битола има синдикална организација, Самостоен синдикат од енергетика, рударство и индустрија, а сега вработените да се принудуваат да се зачленуваат во ново формираната синдикална организација под влијание на власта, Синдикална организација – Подружница на АД ЕЛЕМ, која нема членови, а истовремено со зачленување во неа вработените ги губат досега стекнатите права.

Новоформираниот синдикат пак е под директна контрола на партијата и истиот на вработените не им ги гарантира основните работнички права.

Но, скандал нема само во синдикалното здружување во ова област. По покана на СОНК во Македонија пристигнаа претставнци на Европската конфедерација на синдикатите за образование. Поводот за поканата според СОНК се состојбите во образовонието, состојбите околу социјалниот дијалог и зачестените отпуштања од работа на синдикални функционери и отпуштање на членови во синдикатот за образование.

Имено европските претставници се сретнале со министерката за образование Рената Дескоска,  а на средбата и биле посочени забелешки дека социјалниот дијалог и партнерство во последно време е на најниско можно ниво, реформите во образованието се прават без советување со синдикатот, не се продолжуваат работни договори на вработени и отпуштања од работа без сериозни образложенија.

Истиот синдикат бараше итно да се реши проблемот со  вработените во градинките на кои не им се продолжени договорите за работа. Претседателот Јоаким Неделков, на почеток на месецов посочи дека иако се дадени согласности од министерството за труд и социјална политика, сепак договорите на  многумина не им се продолжени, а во  некои случаи на нивно место веќе се вработени други. Ваквата состојба како што посочи, непродуктивно и  негативно влијае  врз децата на кои им се менуваат воспитувачките. СОНК ги повика министерството и локалните самоуправи да преземат мерки да се вратат вработените назад.

Колку за илустрација, неодамна осум вработени од градинката „Димче Мирчев” во Велес останаа без работа. Им било кажано дека договорите за работа им истекле и нема да бидат продолжени.   Од министерството за труд посочија дека обезбедуваат само согласности за вработување, а самите  вработувања дека одат преку општините.

Меѓутоа освен  вработени во градинките што останаа без работа и вработени во училиштата имаа иста судбина. За само за два месеца на повеќе од 1000 вработени во образованието не им биле продолжени договорите, кои им биле на определено време, соопштија од СОНК.

Претседателот на Конфедерацијата на слободни синдикати Благоја Ралповски информираше дека синдикалците се соочуваат со закани со кривични пријави, уцени, заплашувања, деградации, притисоци. Според него, власта се обидува да ги лажира изборите во организациите, но и да основа нови паралелни синдикати кои би го поткопале легитимниот. КСС подолго време бара средба со премиерот Зоран Заев, но од владата без слух.

Европската унија на јавни служби, ЕПСУ како социјален партнер на Европската унија остро реагираше на мешањето на владата и нејзини претставници во независното синдикално движење. Оваа служба ја повика владата да се повлече од нападот на синдикатот и да дозволи, согласно конвенциите на Меѓународната организација на трудот при Обединетите нации, независно синдикално здружување, во спротивно ќе ги преземе сите мерки на европско ниво како социјален партнер истото да се обезбеди од страна на повисоки инстанци

Коронавирус