недела, 22. мај 2022. Вести денес: 99
home Вести

„СДСМ со разработена шема за крадење на парите на граѓаните, 55 илјади евра завршиле во џебот на пратеничката Калевска – Ванчева“

„СДСМ со разработена шема за крадење на парите на граѓаните, 55 илјади евра завршиле во џебот на пратеничката Калевска – Ванчева“

СДСМ и Калевска – Ванчева се живи фатени како си поделиле 55 илјади евра државни пари преку институциите со кои раководат нивни кадри. 55 илјади евра, пари на граѓаните завршиле во џебот на пратеничката Калевска- Ванчева. Разработена е шемата на СДСМ, еден функционер директор дава илјадници евра пари на граѓаните, на друг функционер пратеник, преку нејзината адвокатска канцеларија, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата посочуваат дека СДСМ се надеваат дека со молчење ќе го затскријат овој скандал кои се вмешани нивни функционери.

– Очекуваме одговор од пратеничката Снежана Калевска – Ванчева да одговори дали овие 55 илјади евра се единствените пари кои ги земало нејзиното адвокатско друштво, или има и други државни институции кои плаќале адвокатски услуги токму на ова адвокатска канцеларија? Дали конечно ќе има некаква реакција од повиканите институции кои му исплаќале на адвокатското друштво на пратеничката, и дали конечно пратеничката Калевска – Ванчева ќе излезе и ќе и одговори на македонската јавност или пак ќе се извини за злоупотребата на парите од граѓаните? Не молчат само СДСМ и Калевска – Ванчева туку молчат и најповиканите, Антикорупциска. Заспани во зимски сон, ни трага ни глас од комисијата која до сега требаше да започне постапка за овој случај, се вели во партиското соопштение.

Од ВМРО-ДПМНЕ додаваат дека токму затоа Македонија е на дното на сите меѓународни извештаи по корупција и дека за овој и за сите скандали и криминали функционерите од СДСМ ќе одговараат.

Коронавирус