петок, 10. април 2020. Вести денес: 0
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

СДСМ со притисоци и сендвичи за 30 илјади административци кои ќе маршираат за Заев (ФОТО)

СДСМ со притисоци и сендвичи за 30 илјади административци кои ќе маршираат за Заев (ФОТО)

По изгласувањето на Законот за јавното обвинителство кој беше донесен незаконски со кршење на Деловникот и по распуштањето на Собранието, СДСМ ја почна предизборната кампања и за денеска организира марш во „име на правдата“.

Маршот треба да почне во 18 часот кај Собранието, а потоа да заврши до Судот, за да се упати порака дека граѓаните немаат доверба во судската власт.

Според информации, административци се притискаат да одат на маршот на СДСМ во Скопје.

Ова се фотографии од Штип, каде што може да се забележи како на граѓаните треба да дојдат на маршот, им се носат сендвичи и вода.

Коронавирус