недела, 16. декември 2018. Вести денес: 50
home Вести

СДСМ со кратење на разговорите се обидува да ја манипулира јавноста дека договорот со кинезите во случајот Траекторија е незаконски потпишан

СДСМ со кратење на разговорите се обидува да ја манипулира јавноста дека договорот со кинезите во случајот Траекторија е незаконски потпишан

Денеска во случајот Траекторија во судот конечно беше пуштен целиот разговор помеѓу Зоран Ставрески и Гордана Јанкуловска на темата кинески автопати.

Со пуштањето на овие снимки јасно се виде како СДСМ ги крател разговорите и се обидел да ја изманипулира јавноста дека договорот со кинезите е незаконски потпишан.

Од денешниот разговор стана јасно дека СДСМ пуштил само дел од овој разговор, а го скрстил и делот каде Ставрески го кажува своето мислење за тоа како е законски правилно да се постапи за да се потпише договорот.

Ставрески вели дека правно издржано е да се потпише откако ќе се донесе Законот за двата автопата во Собранието.

Во реалноста така и се постапило, но токму тој дел од разговорот СДСМ во објавените бомби намерно го скратил. Станува сосема јасно дека договорот е потпишан целосно законски.