сабота, 24. октомври 2020. Вести денес: 54
home Вести

СДСМ со казни и притисок до гласови на ромските пазарџии од Шутка (ФОТО)

СДСМ со казни и притисок до гласови на ромските пазарџии од Шутка (ФОТО)

Поразителните политики кои ги води градоначалникот на општина Шуто Оризари, Курто Дудуш, кулминараа деновиве со закани, казни и притисоци врз пазарџиите во општина Шуто Оризари.

Физичките напади врз двајца Роми очигледно не го задоволија, сега почна да удира и по џебовите на пазарџиите и тоа по 50 евра само поради поставен штанд ѝ без срам и перде како што ја призна вината дека го нападна лицето Демир Исмаил пред суд и истиот само го опомена, а сега според кажувањата на пазарџиит,е без срам и перде истите ги свикал во општина и јавно им се закани дека само на ваков начин може да ги доведе пред себе и да го молат и работат за него за престојните избори.

Ова е само уште еден пример за праксата кој ја користи СДСМ и нивните функционери за притисок врз гласачите, посебно кон Ромите. За самоволното и каубојско фунционирање на градоначалникот Курто Дудуш доказ е и неговата постапка каде ги казнува само пазарџиите Роми, а останатите може слободно и на улица да продаваат зашто позади нив стојат пратеници и потпретседатели на СДСМ и “негови се“.

За неговата лага да нема крај најпрвин од пазарџиите зел податоци пред неколку дена пред да ги казни со образложение дека е за потребите на општината и евиденција, за потоа истите податоци да ги користи за давање на казни кои им стигнаа на домашна адреса.

Коронавирус