недела, 9. мај 2021. Вести денес: 139
home Вести

СДСМ смета дека нивната Влада остана доследна во почитувањето на барањата на „Шарената револуција“, но дали активистите мислат така?

СДСМ смета дека нивната Влада остана доследна во почитувањето на барањата на „Шарената револуција“, но дали активистите мислат така?

„Шарената револуција“ донесе огромни промени на македонската политичка и општествена сцена. Со „Шарената револуција“ илјадници граѓани во речиси сите градови низ државата си ја спасија државата од канџите на режимот на ВМРО-ДПМНЕ, донесоа слобода и демократија кои денес се почитуваат и унапредуваат во континуитет, велат од СДСМ.

Според СДСМ, сегашната опозиција 11 години ја држеше државата заробена во режим, криминал, корупција и селективна правда.

-Политиките на Владата предводена од СДСМ, од 2017 година па се до денес, останаа доследни во почитувањето на барањата и заложбите на „Шарената револуција“. Денес, предметите за висока корупција и организиран криминал се живи и тие добиваат и ќе добиваат судски разрешници, се случуваат сериозни реформи во судството, институциите се транспарентни, професионални и секогаш во служба на граѓаните. Процесот за унапредување на човековите права и слободи, за градење еднакво општество продолжуваат во континуитет како врвна заложба на СДСМ. Тоа се огромни суштински разлики помеѓу режимот на ВМРО-ДПМНЕ и Владата предводена од СДСМ и јасно е дека тоа е несфатливо за ВМРО-ДПМНЕ, оваа партија знае само за режим, знае само да брани криминал и да шири лажни вести, велат од СДСМ.

Но, токму Шарената револуција до сега во неколку наврати изрази разочарување од СДСМ.

Самите активисти, Шарената револуција ја нарекоа „попарена“ и посочуваа дека власта не може да донесе правда во државата.

Подвлекуваа и дека Заев не само што заборавил што тие направиле за тој да дојде на власт, туку и целосно се дистанцирал од поранешните соборци.

Како што тие велеа, Заев дури и си ги припишал заслугите за тоа што СДСМ дошол на власт, иако било јасно дека тој само неколкупати се појавил на протестите, додека членовите на „Шарената револуција“ секојдневно биле на улиците.

Коронавирус