недела, 22. јули 2018. Вести денес: 57
home Вести

СДСМ си е СДСМ

СДСМ си е СДСМ

Градоначалникот на Скопје Петар Шилегов, прави прес-конференција затоа што насадил 50 дрва во главниот град. Замислете се утепал од работа човеков. Засадил 50 дрва. Не му е ли срам да држи прес-конференција за 50 садници? Дали овој изгубен случај, заедно со неговата партија знаат дека Коце Трајановски за осум години, има насадено преку 240.000 дрва. Повторувам, преку 240.000 дрва.

Овие 50 дрва дел се насадени во Ѓорче Петров, дел во Центар, а дел во Чаир. Ха ха ха! Како не им беше срам до Ѓорче да одат за 10 дрвца? Какви баксузи се, од тие 50, 30 ќе им се исушат. Немаат идеја, ништо крупно не прават, немаат асален проект, и шест месеци го замајуваат народот со чистење и со садење на 50 дрвца. Нивното сфаќање за успех е да насадиш 50 дрвца и згора на тоа да се пофалиш дека со тоа си го зголемил бројот на зелените површини. Во прилог на ова ќе додадам дека за четири години во општина Карпош додека бев градоначалник, засадивме 10.840 дрва. Инаку бевме „познати“ по тоа што сечеме дрва, а верувале или не, исечени се вкупно 130 дрва кои се наоѓале на траси кога сме пробивале улици, навалени дрва пред паѓање на барање на граѓаните, исушени итн. Очигледно се многу поспособни. Педесет засадени дрвца да ги претставуваш како врвен дострел во обавување на функцијата, а 240.000 садници изработени од Коце Трајановски да го сметаат за криминално владеење.

Вака ги поимаат стварите само идиоти.

СДСМ си е СДСМ. Бранко Црвенковски, ако се сеќавате, кога беше премиер секоја година правеше реконструкција на владата. Демек, тој чинел, а сите други не чинеле. Исто и Зоран Заев. Ќе правел реконструкција после година дена, затоа што некои кадри немале резултати, а тој имал резултати. Каде му се резултатите на кутриот Заев, кога растот на БДП му е нула, за 10 месеци не задолжи со 1 милијарда 570 милиони евра, а не потроши ниту една мешалка бетон. Народот, младите се иселуваат повеќе од било кога од Македонија. Но „великиот“ премиер заклучува дека тој е добар, ама другите не чинеле и затоа ќе правел реконструкција. Демек, човекот многу барал да се работи – барал резултати! Не се сврте дома, само ака по белиот свет, се додворува на сите, продава име, јазик и нација.

Кога е СДСМ на власт задолжително со нив доаѓаат ММФ и Светска Банка. Па така, денеска ги гледам дека анализи за пензискиот фонд им прави Светска Банка. Истите оние преваранти што не тераа во 2005-та да ја направиме оваа пензиска реформа. Истите тие преваранти од Светска Банка, сакаа да ни продадат софтвер за два милиони евра, а нам професор Гарнаров од електро факултетот ни го изработи за 130.000 долари. И, донесоа бугарски експерт да им каже дали чинел софтверот. Експертот ме тргна на страна и ми рече: „Министре! Вашиот софтвер е 10 пати подобар од нашиот, ама и е 10 пати поефтин. Ние го платихме милион ипол долари.“

Е така, СДСМ си владее и си живее. Си се лажат со ММФ и Светска Банка по принципот „ти мене Сердаре, ја чу тебе Делијо, а обојца знамо да смо гов*ари“.

Сега Светска банка ќе ги прави анализите, а наредниве години ќе доаѓа одвреме-навреме и ќе ја фали Владата како успешно ги спроведува „реформите“ што тие им ги дале како задача. Зошто е тоа така? Затоа што СДСМ нема своја економска политика. Секогаш кога е на власт, задолжително ги повикува ММФ и Светска Банка на помош.

Новиот градоначалник на општина Карпош кој уште не започнал да работи, а само плаче, како тргнал во општината ќе направи поплава, од неговите крокодилски солзи. Не знае кутриот кај се наоѓа и само плаче и затоа што не знае што да прави со функцијата, па има вишок на време, во кабинетот си игра со своите другари „Сони Плејстејшн“. Кога некој ќе побара прием кај него, одговорот на секретарката е дека „градоначалникот е зафатен“. Кога е време на релаксација, односно не игра со другарите „Кантер Страјк“ тогаш ми се заканува мене со кривични пријави за наводни криминали во општината, ама врз база на ревизорскиот извештај што го изработија намќорките од ДЗС. И тие, и тој, мислат дека ми ги стресоа колениците. Па тој се фали ќе одржел прес конференција, и ќе го испрател извештајот во обвинителство. О, глупчо еден. Па секој ревизорски извештај од ДЗС се испраќа и до обвинителството. Тој и понатаму мисли да не работи, но во исто време да се чуди како толку многу резултати сме направиле додека сум бил јас, а со толку малку пари. Да не мисли дека ќе им седам со скрстени раце. Однапред да си знае, дека и јас му спремам три кривични пријави. Каков талент е, тој и неговиот секретар и  шеф на кабинет, за пет ипол месеци веќе три пати ја оплескаа и тоа инфлагранте. Тие ќе поднесуваат кривични пријави за глупости, за да прават маркетинг, ама јас ќе им поднесувам затоа што ја оплескале работата. Затоа што свесно ја оплескале работата. Не им се повлекувам ни микрон.

Од друга страна има време да дојдат кривичните пријави против мене. Прво треба обвинителството да даде одговор на поднесената пријава од ГРОМ за изборните ливчиња од Карпош кој се најдоа во Охрид и Македонски Брод. На втората кривична пријава, а која се однесува на оние кои вечерта дојдоа со ножеви да ме колат, сеуште немам одговор. Па нели државата требаше да биде правна? Нели правосудните органи требаше да одлучуваат без стеги? Слободно?

П.С. Очекувам ослободеното од стеги и политичко влијание обвинителство да ме праша за ливчето за кое што повеќе пати зборував, кој ми го достави, и кој бараше од мене 250.000 евра мито и на која функција денес се наоѓа тоа лице?

И, им кажав дека може да го добијат во оригинал, или во копија. Заверено на нотар, секако. За да биде верно на оригиналот.

Колумна на Стевчо Јакимовски