среда, 18. септември 2019. Вести денес: 100
home Вести

„СДСМ секоја година најавува дека ќе биде економска година, но наместо раст на економијата Македонија доби економски колапс“

„СДСМ секоја година најавува дека ќе биде економска година, но наместо раст на економијата Македонија доби економски колапс“

СДСМ секоја година најавува дека ќе биде економска година, но наместо раст на економијата Македонија доби економски колапс, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Откако се СДСМ на власт сиромаштијата вртоглаво расте, над 500.000 граѓани живеат под прагот на сиромаштијата, даноците пораснаа, а пораснаа и трошоците за живот на граѓаните во ситуација кога платите стагнираат. Со СДСМ економијата на Македонија се закова на европското дно, ММФ оцени дека растот на БДП во 2018 година ќе биде 2%, тоа е многу далеку од ветените 5%. Наместо да го оствари толку најавуваното ветување дека нема да се задолжуваат, речиси нема недела во која не се задолжија па затоа јавниот долг за прв пат ја надмина психолошката граница од над 50% и веќе изнесува  5,2  милијарди евра,  додека пак државниот долг порасна над 4 милијарди евра, стои во реакцијата и се додава:

„За какви реформи зборува криминалниот картел кога ја сместија Македонија на 93 место на листата на Транспаренси Интернешнл на индексот за корупција, во друштво на Гамбија, Косово, Монголија и Панама. Нема повисоки плати, нема повисоки пензии, нема повисоки стипендии, младите се повеќе се иселуваат, образованието тоне,  здравството е во хаос, назадување во секој сегмент од животот на граѓаните. Тоа е причината поради која СДСМ бега од предвремени парламентарни избори, знае дека незадоволството кај граѓаните е се поголемо“.

Доколку, подвлекуваат од ВМРО-ДПМНЕ, се грижеше СДСМ на државните и националните интереси, немаше да ги понижи граѓаните, да ги промени Уставот и уставното име на Република Македонија и да се откаже од македонскиот идентитет, историја, култура, јазик и традиција.

-Граѓаните јасно на референдумот им дадоа до знаење дека се против промена на името, но криминалниот картел по секоја цена тргна спротивно на народната волја и за кариеристички цели го промени името на државата. СДСМ го погази достоинството на граѓаните и донесе беда.  Македонија и граѓаните повеќе не смеат да уназадуваат.  Време е СДСМ да си замине и затоа потребни се предвремени парламентарни избори, за да се стави крај на овие црнила, а Македонија и граѓаните да почнат на напредуваат.