Бројот на заразени со коронавирус секојдневно руши рекорди, а состојбата станува поалармантна и со бројот на починати.
Денес е срушен уште еден црн рекорд, па Министерството за здравство јавува дека има 1275 новозаразени лица.
СДСМ, како власт, наместо да превземе конечно мерки кои ќе имаат ефект и да побара одговорност од одговорните, се спрема за избори!
Власта предводена од Зоран Заев се појасно е дека ќе отвори нов кластер на заразени откако официјално СДСМ преку онлајн седница на Извршниот одбор го избра актуелниот пратеник Сашко Николов за кандидат за вонредните локални избори во Штип.
Вонредните избори во Штип се закажани за 13-ти декември, а до тогаш се очекува и дополнително зголемување на бројките.