понеделник, 28. септември 2020. Вести денес: 114
home Вести

„СДСМ продолжува со празни флоскули и несериозност“

„СДСМ продолжува со празни флоскули и несериозност“

На денешната седница на Собранието на Република Македонија, пратеничката од редовите ВМРО ДПМНЕ Лилјана Затуровска истакна дека Тито Петковски иако поминал 5 мандати во парламентот, сепак не успеал да донесе закон за минимална плата, иако тенденциозно најавувал такво нешто.

Затуровска додаде дека во 2012 година ВМРО-ДПМНЕ ги соопштил механизмите и начинот како да се достигне растот на минималната плата и не измислувале лажни предлози и проекти како што тоа прави СДСМ. Воедно напомена дека СДСМ не требало да обезбеди 14.500 денари минимална плата, туку 16.500 како што стоело во програмата.

Коронавирус