вторник, 26. јануари 2021. Вести денес: 165
home Вести

СДСМ продолжува со партизирање на институциите: Најголемиот спонзор на Заев, Лефтер Андонов, награден со моќна позиција

СДСМ продолжува со партизирање на институциите: Најголемиот спонзор на Заев, Лефтер Андонов, награден со моќна позиција

Сопственикот на фирмата Тритерол, Лефтер Андонов е награден со висока функција управител на стопанската интересна заедница АМЕРИТ. Како што се зборува во јавноста, Андонов на оваа позиција е назначен од 5-ти март.

Од она што се знае за Андонов е дека тој е висок функционер на СДСМ и е еден од главните спонзори на партијата во изминатите 15 години.

Неговата компанија се занимава со превоз на патници и ученици. Исто така неговата компанија ги добива речиси сите тендери за превоз на ученици во Струмица од времето на Заев, а таа пракса продолжува и ден денес.

Она за што јавноста знае е поврзаноста на Андонов со скандалите кои се случија во Струмица. Имено, фирмите со кои раководи Андонов во ист ден имаат добиено дури осум тендери од општина Струмица со која раководи СДСМ, во вредност од 17.905.040 денари. Но тоа не е се.

Дополнително, неговите компании имаат склучено нови два договори со струмички “Комуналец“ во вредност од 12.120.000 денари што отвара сомнеж за злоупотреби. Фирмите на Андонов се споменуваат и во незаконски и нелегални активности поврзани со општина Куманово, но од јавното обвинителство владее молк.

Имено СИЗ АМЕРИТ е Стопанска интересна заедница која врши голем број активности од интерес на своите членови. Оваа заедница во минатото беше водена од Емил Милев кој оваа македоска организација успешно ја има етаблирано во Европа за што говорат голем број на признанија и пофалби. Поставувањето на партиски функционери од страна на СДСМ на оваа позиција сериозно ќе го наруши кредибилитетот која оваа организација го ужива во светски рамки

Коронавирус