среда, 21. октомври 2020. Вести денес: 114
home Вести

СДСМ преку ромска невладина организација ќе прави поткуп пред избори?!

СДСМ преку ромска невладина организација ќе прави поткуп пред избори?!

Владата на СДСМ на кандидат за пратеник доделува пари под превез на невладина организација, баш во време кога беа фатени како прават поткуп на неколку локации.

Оправдани се сомнежите дека и овие пари се наменети за предизборен поткуп.

-На последниот ден од вонредната состојба оваа неспособна влада на СДСМ донесе одлука за распределба на 29.647.474 денари од Буџетот на Република Македонија, наши пари на невладините организации, една од невладините организации е и Амбрела која добила средства во висина од 769.500 денари или некаде околу 12 500 евра, на чело на Амбрела е Љатифа Шиковска кандидат за пратеник од редовите на СДСМ,со намера да врши поткуп, открива Ерџан Демир.

-Го замолувам ромскиот народ, се што ќе ви се даде ДА ЗЕМЕТЕ! Бидејќи тоа што ви се дава е ВАШЕ не е на Љатифа, таа ќе ви го даде тоа што реално на ВАС ви припаѓа, тоа се ВАШИ пари и кога ќе ги земете пакетите имајте на ум дека тие треба уште повеќе да ви дадат, затоа што со ВАШИ пари ги делат тие пакети!

Во последните денови алармантна е и ситуацијата со КОВИД-19, пазете се бидејќи оваа власт не води грижа за нашето здравје, тие сакаат гужва да соберат, шетаат по улици ама џабе им е!

Ве замолувам да носиме маски, да миеме раце, да држиме лична хигиена, да бидеме на соодветно растојание еден од друг, да си го чуваме здравјето, порача тој.

Коронавирус