недела, 24. јануари 2021. Вести денес: 80
home Вести

СДСМ под присила и закана носи луѓе на прославата за промена на името (ФОТО)

СДСМ под присила и закана носи луѓе на прославата за промена на името (ФОТО)

Свесни дека ќе доживејат уште еден дебакл, СДСМ под присила и закана носи луѓе од цела Македонија на прославата за промена на името во Скопје.

Автобуси, комбиња и коли денеска ги превезуваа граѓаните од повеќе градови во Скопје по повод митингот на СДСМ во Скопје.

Според информациите, биле вршени притисоци кон вработените во општинските и централната администрација и по списоци ги праќале луѓето.

Се појавија и фотографии како им се делат сендвичи на граѓаните пред тргнувањето за Скопје.

Од досега виденото, на собирите организирани од власта, народот јасно им порачува дека е против промена на името.

Местата каде што се закажуваа овие трибини се празни, бидејќи граѓаните не сакаат да ги слушнат говорите на Зоран Заев и на неговите сопартијци кои се обидуваат да ги натераат да поддржат промена на уставното име.

Социјалдемократите секојдневно ја примаат пораката од народот дека нема да бидат поддржани ваквите нивни политики.

Слаба поддршка од граѓаните за власта имаше и во Делчево, Кочани, Охрид, Битола, скопска Гази Баба, Кавадарци… па токму поради тоа, СДСМ денеска масовно носеше луѓе од сите градови во Скопје.

Коронавирус