недела, 28. мај 2023. Вести денес: 87
home Вести

СДСМ патентираа нов изум, протестираат против себе

СДСМ патентираа нов изум, протестираат против себе

Денес повторно пред Владата се случи трагикомична ситуација кога на протестот пред Владата кој беше адресиран до актуелните власти се појавија Роберт Поповски, министер без ресор задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност и владиниот портпарол Миле Бошњаковски. Поповски и Бошњаковски протестираа против неказнивоста на нивниот коалициски партнер Бекир Асани кој се закануваше на Претседателот на ЗНМ Насер Селмани.

Изминатиов период службеник на МНР му се закануваше на новинар од ТВ 21 да не поставувал прашања, службеник од Министерстовот за култура навредуваше и омалуважуваше еден национален медиум, судии изрекуваа условни затворски казни за напишан текст, а од емисии беа цензурирани прилози во кои се истражуваше работењето на бизнисмени кои лично ги примаше Зоран Заев. Заедничко за сите случаи е тоа дека никој што е поврзан на каков било начин со власта, не сноси одговорност. Наместо во знак на револт Бошњаковски и Поповски да ја напуштат Владата, тие денеска одлучија да протестираат против своите колеги со кои неколку часа подоцна треба да седнат на иста маса.

На протестот кој беше инициран после заканите и навредите кои му беа упатувани на престедателот на ЗНМ, Насер Селмани од страна на партискиот функционер на ДУИ Бекир Асани беа истакнати пароли  „Копилињата нема да стивнат“, „Долга е раката на пајакот“, „И јас сум копиле“.

Новинарите истакнаа дека денес се пред владата не само заради заканите и навредите од партиските насилници, туку и затоа што се прелила чашата, затоа што се спроведува цензура во телевизиите, затоа што новинарите се влечат по судови бидејќи сликаат политичари на јавни места. Да не е трагично би било комично бидејќи токму власта во која партиципираат Роберт Поповски и Миле Бошњаковски го заташкуваше и го переше случајот со сапуницата со Бекир, Пајакот и полицајката. Дополнително како што обвини пред неколку дена опиозицијата неказнивоста и селективната примена на законите само предизвикуваат охрабрување на насилството.

Ваквото однесување на структурите на СДСМ само покажуваат за какво лицемерие се работи и нивната неподготвеност да се спотивстават на подземјето, политичките насилници и криминалци кои поради блискоста со владеачката партија се чувствуваат недопирливи во нивното тероризирање на граѓаните во Македонија“- обвини тогаш ВМРО-ДПМНЕ.

Денешното појавување на Поповски, Бошњаковски и неколку други мегафони на СДСМ на протестот е лицемерно и крајно невкусно. Тие во овој случај со “пајакот“ и заканите наместо  со декларативни изјави, треба да бараат раководителите на институциите за прогон, кои им се од истата партиска структура на СДСМ, да превземат наостри мерки со цел да се заштитат и граѓаните и новинарите.

Ова е втор ваков случај на протест на СДСМ против СДСМ. Вака Јани Макрадули, Дамјан Манчевски, Роберт Поповски и пратеникот Павле Богоевски, Петре Шилегов, Саша Богдановиќ и Златко Марин протестираат самите против себе во септември минатата година и за загаденоста на воздухот во Скопје, наместо да превземаат итни мерки.