сабота, 28. ноември 2020. Вести денес: 77
home Вести

СДСМ оркестрирано шерува стари лажни ветувања во нова кампања

СДСМ оркестрирано шерува стари лажни ветувања во нова кампања

Со стари лажни ветувања, СДСМ влегува во нова кампања, обидувајќи се да ги прелаже граѓаните, верувајќи дека луѓето имаат кратко паметење.

Едно од најновите обиди за замајување на јавноста е шерувањето на стари вести, со нов датум. Имено функционери на СДСМ на социјалните мрежи споделуваат стара вест со вчерашен датум од Зоран Заев, кој како тогашен премиер на 1 февруари 2019 најавува бришење на долговите за струја настанати до 2006 година за 200.000 граѓани и семејства кои се заглавени во лавиринт со проблеми од извршители и блокирани сметки.

Оваа вест претседателот на СДСМ ја најави пред една година на трибина во Охрид, најавувајќи дека дека има прогрес во преговорите со ЕВН и ЕЛЕМ за бришење на долгови за струја. Ова ветување досега не беше остварено, а и нема изгледи да се оствари наскоро.

Разгледавме ситуација за стари долгови за струја до 2006 година за 200.000 семејства и граѓани кои се заглавени во вакви лавиринти на извршители и блокирани сметки. Овие денови сме во длабоки преговори, волјата денеска можам слободно да ја соопштам, а кога правно формално ќе го потпишеме договорот јавно ќе соопштиме – рече Заев на трибината во таа прилика.

Коронавирус