петок, 21. септември 2018. Вести денес: 144
home Вести

„СДСМ одбра наместо со реформи и работа да се обиде да напредува со откажување од се што е македонско“

„СДСМ одбра наместо со реформи и работа да се обиде да напредува со откажување од се што е македонско“

Ширењето на лагите на Зоран Заев дека некој друг ќе им ја сработи работата што граѓаните ја очекуваат од владата, не и помага на Република Македонија. СДСМ се надева дека со прифаќање на капитулацијата ќе успее да влезе и во НАТО и во ЕУ. СДСМ одбра наместо со реформи и работа да се обиде да напредува со откажување од се што е македонско, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Да се откажеш и да ги предадеш највисоките државни и национални интереси не е одење “Напред”, а бегството од граѓаните не е “успех”. Напротив, Заев и неговата капитулантска влада ја вратија Република Македонија во време на најголемата недоверба кон соседите. Единствено што СДСМ и Зоран Заев бранат не се интересите на Македонија, туку интересите на криминалниот картел. Но едно е сигурно, тој картел може да биде тапкан по рамо, но нема да влезе во ЕУ, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ и се додава:

„Граѓаните ги видоа и „растот на економијата“ и „новите работни места“ и „безбедноста“ и „повисоките плати“ што ги ветуваа СДСМ и Зоран Заев. Секој ден е потврда дека освен лага и манипулација, СДСМ и Заев немале ниту капацитет, ниту план да направат нешто за граѓаните. Македонската иднина ќе ја обезбедат ВМРО-ДПМНЕ заедно со граѓаните, оние од кои Заев и СДСМ најмногу се плашат. Тоа нема да го спречат ниту Заев ниту неговото министерство за вистина“.