петок, 13. декември 2019. Вести денес: 124
home Вести

СДСМ од опозиција обвинуваа за предизборни партиски вработувања, сега од позиција на власт вработуваат на ангро

СДСМ од опозиција обвинуваа за предизборни партиски вработувања, сега од позиција на власт вработуваат на ангро

Од опозиција, СДСМ обвинуваа за партиски вработувања, од позиција на власт пак, иако ветуваа намалување на државната администрација и стопирање на сите вработувања, истите никако да запрат. Институциите се полнат на ангро.

СДСМ во 2013 и 2016 година обвинуваа за предизборни партиски вработувања, а сега во пресрет на  претседателските избори фрчат огласи за вработување во државната и јавната администрација.

Наместо непартиска и професионална администрација, истата стана место за вдомување на членовите на семејствата, пријателите и партиските кадри на СДСМ.

Не запирааат масовните вработувања.

Нов бран вработувања во администрацијата се очекува до крајот на месецов дознава ТВ 24 од владини извори. Нивните извори потврдуваат дека предпразничните огласи во кои над 30 институции отворија огласи за над 300 работни места, се само почеток на бранот кој треба да се финализира до февруари.

Институциите ќе се полнат за да се избегне мртвиот период по распишувањето на претседателските избори на 3 февруари, кога законски се забранети вработувањата до изборот на новиот шеф на државата.

Бројката колку нови вработувања ќе се реализирата во овој период зесега никој не ја открива.

ВМРО-ДПМНЕ пак ја обвини власта дека пред избори купува гласови, преку вработување на партиски послушници.