четврток, 9. декември 2021. Вести денес: 1
home Вести

СДСМ: Недела е ден за одлука, развојот и напредокот на општините зависи и од локалните совети

СДСМ: Недела е ден за одлука, развојот и напредокот на општините зависи и од локалните совети

На последниот ден од кампањата јасна е разликата на понудите на СДСМ и коалицијата Најдоброто за мојата општина и останатите политички партии и коалиции, сметаат од СДСМ.

Велат, СДСМ и Коалицијата на овие избори ја имаат најдобрата кадровска и програмска понуда за секоја општина.

-ВМРО-ДПМНЕ нуди стари кадри на Груевски, меѓу кои има и осудени лица и лица против кои се водат судски постапки. Ние нудиме издржани проекти, проектирани според реалните состојби, во рамки на буџетите на соодветните општини, со реални рокови и реален план. ВМРО-ДПМНЕ нудат неостварливи проекти со цел да ги измамат гласачите, без при тоа да водат сметка за буџет или реални проекции. Ние ги решававме децениските проблеми, тие ги создаваа и комплицираа. СДСМ вложуваше во сите општини и граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ се противеа на секоја мерка што носеше повеќе пари во семејните буџети. Недела е ден за одлука. Гласајте го најдоброто за вас и вашите деца, за вашата општина, дајте го вашиот глас за број 12, се вели во соопштението на партијата.

Од СДСМ посочуваат дека развојот и напредокот на општините зависи и од локалните совети, затоа заокружете 12 и за листата на советници.

-Да не дозволиме да ни се пресликаат блокадите на ВМРО-ДПМНЕ во советите кои ги сведочиме во Собрание. Во недела на 17 октомври да заокружиме 12 да го одбереме најдобриот градоначалник и најдобрата советничка листа за нашата општина, нагласуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Коронавирус