недела, 16. јуни 2019. Вести денес: 64
Во живо

29 години од основањето на ВМРО-ДПМНЕ

home Вести

СДСМ не смее да му писне на ДУИ за одговорност

СДСМ не смее да му писне на ДУИ за одговорност

СДСМ се плаши од ДУИ и нема храброст да ги повика на одговорност лидерот на партијата Али Ахмети и Бујар Османи за да поднесат оставки поради тоа што против нив се отворени случаи и се водат обвиненија.

Откако Павле Богоевски најави, а потоа и поднесе оставка СДСМ постојано ги повикува пратениците на ВМРО-ДПМНЕ Трајко Вељановски, Антонијо Милошоски и Илија Димовски да поднесат оставки од своите функции затоа што против нив се воделе судски процеси. Но, СДСМ во листата на функционери против кои се водат судски постапки не го додаваат и нивниот коалициски партнер Али Ахмети кој е пратеник и против кого се води обвинение за случајот „Попис“.

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети е обвинет во случајот „Попис“ каде се сомничи дека ги искористил своите овластувања бидејќи како претседател на политичка партија дејствувал да го стопира пописот во 2011 година за да ги сокрие неповолните факти за демографската структура, при што е нанесена штета од над 175 милиони денари.

СДСМ исто така не се осмелува да побара оставка ниту од вицепремиерот Бујар Османи кој е еден од осомничените во случајот „Пациент“. Османи се сомничи за злоупотреба на службената положба како министер за здравство дека при јавни набавки за градежни работи во повеќе болници, наместо да ја избере најповолната понуда ја одобрил фирмата ГБС Благоевград која била поскапа од друга фирма што аплицирала на тендерот. Со ваквиот потег Османи за 500.000 евра ги оштетил државата и граѓаните.