понеделник, 25. октомври 2021. Вести денес: 84
home Вести

„СДСМ на граѓаните ништо не им даде, туку им зеде се- покачувањето на минималната плата е вештачко и нереално“

„СДСМ на граѓаните ништо не им даде, туку им зеде се- покачувањето на минималната плата е вештачко и нереално“

СДСМ на граѓаните ништо не даде, туку им зеде се. СДСМ за овие три години ја уништи економијата во Република Македонија. Во август 2019 во споредба со август 2018 година прометот во индустријата е намален за 6.6%, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Индустријата додека оди надолу, оди надолу и економијата, доказ за тоа е и падот на работници во индустријата во јули 2019 година, во однос на јули 2018 година за 2.5% или на 100.000 работници имаме 2.500 работници помалку. Нивото на капитални инвестиции е на најниско ниво во историјата на Република Македонија. За осум месеци од годината се реализирани само 28% од годишно предвидените инвестиции, стои во партиската реакција и се додава:

„А, покачувањето на минималната плата е вештачко и нереално. Владата на Зоран Заев додека ја зголемува минималната плата на хартија во реалноста работниците ги враќаат парите на рака на газдите. Потребна е обнова на Македонија, потребни се реални мерки кои ќе допринесат за подобар живот на граѓаните на Република Македонија. Потребно е што поскоро СДСМ да си замине од власт“.

Локални избори 2021