понеделник, 25. јануари 2021. Вести денес: 139
home Вести

СДСМ молчи и крие информации во каква состојба е детето кое се онесвести за време на говорот на Заев, а тој продолжи да чита

СДСМ молчи и крие информации во каква состојба е детето кое се онесвести за време на говорот на Заев, а тој продолжи да чита

Вистински скандал се случи за време на вчерашниот митинг на власта кој се одржа пред канцелариите на ЕУ во Скопје, а СДСМ се уште молчи за тоа.

СДСМ крие информации и не открива во каква состојба е детето кое вчера се онесвести за време на говорот на премиерот Зоран Заев, а тој пак продолжи да си чита.

Имено едно од децата кое стоеше на бината позади Заев се онесвести за време на исцрпниот говор. Во тој момент, премиерот го погледна детето кое ја изгуби свеста и продолжи со својот говор, без око да му трепне.

Додека се обидуваа другите деца да му помогнат и да го изнесат од бината, Заев си продолжи со својот говор, како ништо да не се случило, како да не е во прашање детски живот.

Покрај овој вистински скандал, скандалозно е и тоа што власта прави брутална злоупотреба на деца за својата кампања.

Многу пати до сега, јавноста, но и експертите упатуваа критика за бескурпулозното користење на децата во кампањата која е во тек, за снимените спотови за референдумот каде што се појавуваат малолетни деца, за искористувањето при стоење на бина, и вклучувањето во кампањата на власта.

Сепак, очигледно е дека ниту скапо платената кампања, ниту пак жестоката пропаганда и лажните вести и искористувањето на деца за кампања не му помогнаа на Заев да ги убеди граѓаните да си го променат името и да се откажат од јазикот и идентитетот, па поради тоа тој вчера мораше да носи со автобуси со поддржувачи од другите градови на протестот во Скопје.

Има информации дека се носеа луѓе од внатрешноста на Македонија со присила и уцени. Во автобусите се делеа сендвичи, а можеше да се види и голем број на малолетни лица кои беа донесени во главниот град од кои дел од нив се качија на бината на која се случи инцидентот.

Најнови вести

Коронавирус