среда, 5. август 2020. Вести денес: 175
home Вести

СДСМ „копи-пејст“ на ВМРО-ДПМНЕ: Заев избра ОБНОВА, Царовска ОСТВАРУВА

СДСМ „копи-пејст“ на ВМРО-ДПМНЕ: Заев избра ОБНОВА, Царовска ОСТВАРУВА

Се што ветуваме остваруваме, објави вечерва вицепремиерката Мила Царовска.

– Ветивме поголема минимална плата. И сега имаме минимална плата поголема за 60 отсто, а просечната плата ја зголемивме за 5.000 денари! Сè што ветуваме, остваруваме! Очекувам 100 отсто реализација на нашата програма. Можеме уште повеќе и уште подобро, објави Царовска на Фејсбук.

Инаку, Остваруваме е слоган кој претходната Влада на ВМРО-ДПМНЕ го користеше во минатото.

Претходно, Зоран Заев изјави дека СДСМ избира Обнова, слоганот на Коалицијата За подобра Македонија.

Инаку, тие што не забораваат се сеќаваат на „се што е ветено и остварено“ од претходните избори: просечна плата 500 евра, автопати низ Македонија 500 километри, дека нема шанси да се чепка во Уставот на Република Македонија, дека нема да се менува името, дека нема да се спроведува Тиранската платформа, двојазичноста, дека нема да се става државата во подредена улога на други држави  итн. и др.

Коронавирус