четврток, 13. мај 2021. Вести денес: 123
home Вести

СДСМ: Ќе продолжиме да се бориме против криминалот и корупцијата

СДСМ: Ќе продолжиме да се бориме против криминалот и корупцијата

Неоспорлив доказ за силна, неселективна и бескомпромисна борба против организираниот криминал и корупција се последните полициски акции за разбивање на организираната група која незаконски издавала патни исправи, како и заплената на огромна количина на дрога што ги презеде Министерството за внатрешни работи, се вели во партиското соопштение на владејачката СДСМ.

-Овие две сложени акции каде се уапсени и вработени од МВР се силна потврда за професионалноста и ефикасноста на полицијата во спречување незаконско дејствување. Од друга страна, ВМРО-ДПМНЕ наместо да го поздрави неселективниот пристап на полицијата, повторно застанаа на страна на криминалот и криминалните структури. За времетраење на сложената полициска акција „Двојник“ ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски направија неуспешен обид да ја саботираат акцијата преку пласирање на информации во тек на активна истрага. По неуспешниот обид за саботажа, од белиот дворец продолжија со нови лаги и манипулативни конструкции за акцијата со што свесно го загрозуваат натамошниот тек на истрагата. ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски работат по иста разработена шема на лажни вести и неосновани напади кон МВР и полицијата и за акцијата во соработка со нашиот стратешки партнер САД и нивната ДЕА, каде беше запленета огромна количина на марихуана. ВМРО-ДПМНЕ не може да разбере дека законите во оваа држава важат еднакво за сите, дека денес никој не е над правдата и секој одговара за сторените криминали, истакнуваат од СДСМ.

Денес, институциите се посветени на силна, неселективна и бескомпромисна борба против корупцијата и криминалот. ВМРО-ДПНЕ и Мицкоски колку и да се обидуваат, нема да успеат во намерите да одбранат криминалци и криминал. Денес, нема недопирливи, секој одговара за своите дела, додаваат од таму.

Коронавирус