сабота, 1. октомври 2022. Вести денес: 0
home Вести

СДСМ ја укина титулата национален уметник

СДСМ ја укина титулата национален уметник

Собранието денес го донесе Законот со кој престанува да важи Законот за националниот уметник на Република Македонија. Со тоа СДСМ го укинува доделувањето на титулата Национален уметник која се состои од доживотен паричен надомест од две просечни месечни плати.

Оваа титула беше востановена во 2011 година, со што се имаше за цел да се даде признание на уметниците кои својот живот и дело го посветиле на промоција на македонската култура во светот.

Законот сепак ќе продолжи да важи за петтемина од шесте добитници на титулата. Од востановувањето во 2011 година наградата беше доделена на: Симон Трпчески, Милчо Манчевски, Есма Реџепова, Борис Трајанов, Ана Дурловски и Никола Маџиров.

Владата со овој чин ускратува познати македонски уметници во иднина да можат да се стекнат со ова признание.

Коронавирус