сабота, 28. ноември 2020. Вести денес: 89
home Вести

СДСМ ја има тоталната контрола на вестите во МРТ: За да го прикрие тоа, прави јавен притисок врз раководството

СДСМ ја има тоталната контрола на вестите во МРТ: За да го прикрие тоа, прави јавен притисок врз раководството

По инцидентот и отворените закани од страна на владини функционери кон Македонската Радио Телевизија за време директниот пренос на прославата за Илинден во Крушево – растат притисоците и заканите кон јавниот сервис, пренесува Лидер.

-По доаѓањето на СДСМ на власт, за разлика од претходно, престана мерењето на застапеноста на политичките субјекти во информативната програма на јавниот сервис. Ниту една институција од Македонија и од надвор не мери колку минути добиваат власта и опозицијата во вестите на МРТ. Претходно, ова беше едно од главните прашања по договорот во Пржино, анализира порталот.

Лидер се обиде да ја следи работа на јавниот сервис на почетокот на годинава и во сите четири месеци кои ги земаа како репрезентативен примерок, власта има скоро тројно поголема застапеност во однос на опозицијата.

 

Во просек владејачката СДСМ и Владата се со скоро тројно поголема застапеност од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, што го прикажува очигледното влијание на власта врз јавниот сервис.

Одговорниот уредник на МРТ, Стојан Трпески, важи за близок пријател на владиниот портпарол Миле Бошњаковски со кој заедно членуваат во бендот “The Reporters”, во друшство со нив се и Борјан Јовановски (добитник на грант 90.000 евра од Агенцијата за филм), Драган Антоновски (директор на МИА) и Петрит Сарачини (советник во Владата).

Поврзаноста на Трпчевски со овие владини функционери го потврдуваат и бројките од мерењето на застапеноста на политичките партии. Инаку, како што дознаваме од вработени во телевизијата, притисокот расте од ден во ден и власта се обидува освен информативната програма да ги освои и сите останати позиции во телевизијата, анализира Лидер.

-Кон сите вработени, особено кон оние од информативната програма, постојано се изрекуваат закани за некакви кривични пријави и истраги од ОЈО и СЈО, велат за Лидер вработени во Телевизијата.

Минатата недела министерот за информатичко општество Дамјан Манчевски отворено се закани кон МРТ, затоа што за време на директниот пренос од Крушево во етер отиде исвиркувањето на владините функционери од страна на граѓаните на Мечкин Камен.

– Првпат откако сум министер јавно ќе кажам мое мислење. МРТВ е срам, дно и целосно под политичка контрола на ВМРО-ДПМНЕ. Македонија нема јавен сервис на граѓаните, напиша Манчевски на Твитер.

Како што веќе објави Лидер, поради ова висок функционер на власта се јавил и се заканувал во Телевизијата и барал итно да биде стишен тонот на свиркањето. Како што тврдат извори од телевизијата, главната причина поради која Власта го врши овој притисок е затоа што сака од јавниот сервис да направи институција сервилна за промената на името.

Од СДСМ преку соопштение јавно побараа оставки од раковотството на телевизијата, но, како што неофицијално брифираат извори од дипломатскиот кор, водечките западни амбасади во Република Македонија се противат на обидот на власта да завладее со оваа институција.

Симптоматично е и што за разлика од претходно, за неизбалансираноста во вестите на МРТ сега не реагира ниту Агенцијата за медиуми, како и ЗНМ.

Коронавирус