СДСМ врши груба партизација на институциите. СДСМ првин спроведе брутален партиски реваншизам и остави без работа голем број вработени во градинките на улица, за сега да распишува оглас за партиски подобните, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
-Додека од позиција на власт вела дека има превработеност во администрацијата, сега секојдневно распишуваат огласи за привремено вработување, но и за вработување на неопределено време. Десетици вработени од детските градинки ширум државата останаа без своите работни места како резултат на партискиот реваншизам по доаѓањето на СДСМ на власт. Десетина отпуштени од детските градинки ширум државата, намерно не им беа продолжени договорите и беа оставени на улица, само затоа што не се СДСМ. СДСМ исто како и во 90 – тите си поигрува со судбините на луѓето, оставајќи ги без основни средства за егзистенција. Типично за СДСМ се шиканираат партиските неистомисленици, а се вработуваат партиски активисти, се наведува во партиското соопштение.