понеделник, 21. септември 2020. Вести денес: 59
home Вести

СДСМ и Заев во отворена војна со неподобните медиуми

СДСМ и Заев во отворена војна со неподобните медиуми

Еден ден откако нивниот лидер Заев отворено влезе во војна со медиумите и непримерно се објаснуваше и расправаше со уредникот на Инфомакс и со новинарот на ТВ21, за што доби остар прекор од непровладиниот дел од медиумите, неговата партија и натаму продолжува со квалификации и тешки навредите кон медиумите и новинарите и јавно жигосување на истите.

По вчерашната објава на албанските медиуми Лајм и Тетовасот, дека ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ се договориле за владина коалиција, успаничениот пи-ар тим на СДСМ го срочи следниот одговор:

„Очигледно е дека текстовите објавени вечерва се провидно политичко позиционирање преку злоупотреба на медиуми (ако може да се наречат медиуми), заради постигнување подобри позиции пред јавноста, но и во преговорите на одредени политички субјекти. Ние тврдиме дека СДСМ има обезбедено мнозинство за составување Влада“, пишаа експресно од СДСМ по веста на ЛАјм и Тетовасот дека одат во опозиција.

Делот во соопштението на екс Бихаќка „ако може да се наречат медиумиуште еднаш ја потенцираше паниката во која се наоѓа партијата од екс Бихаќка, јавна навреда со која СДСМ ги нападна медиумите кои пренесоа вест која не им одговара.

За навредите на Заев и жигосувањето медиуми и новинари реагираше и МАН, но не и ЗНМ, ниту т.н. Совет за етика (каде една од основачките е во јавна врска со министерот и носител на листа Никола Димитров), ниту ССНМ (чиј основач сега е директор во МИА) а ги немаше да се јават и дежурните провладини „критичари“ како Ордановски, Дерала, Жижи, Тричко, Јоци, Ризаов, Секуловска и компанија.

Само замислете ја реакцијата на гореспоменатите доколку кажаното на Заев произлезеше од лидерот на опозицијата? Тогаш, „самоиницијативно“ (читај на копче) нивните медиуми следниот период (подолг) ќе вриеја од колумни, анализи, прилози, експерти и какви ли не толкувачи на изразениот говор на омраза, понижување на новинарската фела, газење по достоинството на журналистиката и сијасет „професионални“ егзибиции во најразлични форми и содржини.

Само за потсетување, СДСМ, партијата која денеска тврди дека дел од новинарите се под закрила на опозицијата, до сега има вработено и искористено за свои потреби десетици„професионални“ новинари. Преку нив, пратеници станаа екс новинарот Мухамед Зекири (уредник на Алсат-М) и Роберт Поповски (уредник на Канал 5, претседател на ЗНМ, долгогодишен уредник на емисија, а потоа и министер за медиуми?!), екс пратеничката Ленче Николовска (МТВ и А1), екс пратеникот Сафет Бишевац (А1) а портпарол им е екс новинарката Богданка Кузеска (екс уредник на ТВ24), во нивниот тим работат десетина други новинари, а во нивно време како награда за минатиот труд и сработеното директори на институции станаа десетици други екс новинари (З. Иванов, Д. Антоновски итн.), советници (К. Цаневска, П. Сарачини), десетици се вработени како портпароли во македонските министерства или делови од пи-ар тимот (Одбрана, МВР, Финансии, МНР…), а дел се наградени во СРД (сегашно АВМУ) како и „отворените“ поддржувачи како Поликлинико или скриените блогери, твитерџии, „не“владини (Забрчанец, Маричиќ и др.) и останата гломазна пи-ар машинерија на СДСМ. Тука се и грантовите од Фондот за иновации, од кои се офајдија дузина новинари и роднини на активни новинари на македонската сцена (Г. Михајловски  -СДК, Слободен печат итн.)

Инаку, Зоран Заев пред една недела беше на гости кај Борјан Јовановски во Преспа, а претходно беше одлично и големо „другарче“ со Бојан Јовановски (недостига само едно „Р“ во името) алијас Боки 13 и чест посетител на ултра-просдсмовската 1ТВ (која „случајно“ како новооформена ТВ без рејтинг  доби повеќе пари од државата за Референдумот од ТВ Алфа, ТВ24 и скоро исто како Канал 5) и во која исто така случајно работеа Орданоски, Костовска, Кабранов, Чомовски, Дувњак итн.

Јавна тајна е и кои телевизии, портали и весници се под директна команда на СДСМ (кои од професионална куртоазија нема да ги споменеме), како и дека сопругот на Заевата пи-арџијка Иванна држи цел концерн на просдсмовски портали кои секојдневно непрофесионално уринираат по опозицијата и по секој кој претставува опасност за социјалдемократските антинационални намери и дејанија.

Заев, меѓу другото, излажа и дека давал интервјуа за сите медиуми. Не е точно, факт е дека сите интервјуа кои ги даде беа за просдсмовски медиуми (приватни или државни со нивен директор или уредник), а ниту еден критички настроен медиум не ја имаше таа шанса во минатите години. Да не ги заборавиме лажните вести на Чаушот и неговите лични акрти, за кои новинарот Љубиша Арсиќ доби и награда, ниту традицијата на врбување новинари – фамозната Фабрика на БЦ и СДСМ во кој беа „вработени“ дузина познати новинари кои и ден-денеска сосема „случајно“ се меѓу најорните и најизвиканите на македонската новинарска сцена.

Срамота и непримерно е партија која контролира над 90 насто од медиумите во Македонија и која за свои потреби на дузина партијски фунции (пратеници, министри, портпароли, пи-арџии, советници) има впрегнато цела чета новинари да жигосува и јавно навредува медиуми кои се виновни само поради тоа што не им одговараат.

Токму СДСМ и нивните јуришници, ја направија и подделбата во македонските медиуми, нарекувајќи ги своите новинари „професионални“ и одделувајќи ги од „другите“, за да малку подоцна со доаѓањето на власт, истите тие „професионалци“ запоседнат директорски и советнички места и се офајдат од државни грантови.

Но, очигледно, според мерилата на СДСМ, тие можат да се наречат медиуми (за разлика од оние кои не се под нивна капа) и тие можат да поставуваат прашања од кои, како што дознавме од него, не плачат децата на лидерот напартијата од екс Бихаќка.

Веста на Лајм је третираат како лажна вест, а токму СДСМ и нивните „професионални“ медиуми се основополжниците на лажните вести во Македонија. Сетете се на судбините и пролеаните солзи за малата Тамара, Мартин Нешковски, Никола Младенов и за Смиљковското езеро, кои испаднаа лажни вести и класична злоупотреба на СДСМ и Зоран Заев. Колку ноќи се непроспани по промената не името без дозвола, изим од народот во Македонија? Колку солзи на деца се проелани од семејствата и децата на пртиворените патриоти од 27 април оквалификувани како терористи?!

Прашањето е лично до него, кој ќе одговара за плачот и непроспиените ноќи  на засегнатите фамилии, немерениот страв, гнев и очај кои ги предизвикаа лично Заев и неговата партија…

Коронавирус