четврток, 13. мај 2021. Вести денес: 0
home Вести

СДСМ и Заев немаат нивни проекти за да се фалат пред граѓаните, па се фалат со проекти на ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ и Заев немаат нивни проекти за да се фалат пред граѓаните, па се фалат со проекти на ВМРО-ДПМНЕ

Од ден на ден е се појасно дека владата не превзема ништо во врска со ковид кризата во државата. Тоа го покажуваат и бројките на невработени лица кој од почетокот на пандемијата до денес достигна околу 55.000 невработени лица. Имено како еден од најпогодените градови од кризата во земјава е градот Гевгелија. Според податоците на Агенција за вработување во месец октомври биле пријавени 2.066 невработени, што е за 135% повеќе од истиот месец во 2018 и 2019 година, кога имало само 877 невработени.

Премиерот Зоран Заев вчера беше во посета на Гевгелија. Како што дознаваме од наши извори Заев заедно со градоначалникот на Гевгелија, Сашо Поцков не понудиле ништо пред граѓаните и без никаков срам се пофалиле со проекти кои не се резултат на работата на нивната влада.

За ова обвини и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Андон Сарамандов кој во својот фб статус кој посочи дека ниту централната, ниту локалната власта планираат директни мерки за помагање на стопанствениците од Гевгелија.

– Заев денес си истера агенда во општина Гевгелија и се пофали со проекти кои за волја на вистината не се резултат на работата на оваа влада. Но друга работа е многу поважна. Денес нити од Заев,нити од Поцков не слушнавме дали се планираат директни мерки за помагање на стопанствениците од општина Гевгелија. Ако не може Владата да помогне со директни мерки, големите пријатели на Заев од Грција нека ги отворат границите.Нашата општина е најпогодена со пандемијата од КОВИД-19 според процентот зголемувањето на невработеноста во Република Македонија. Затворенитеграници придонесоа за огромен број отпуштања од работа,а приватниот сектор е во незавидна ситуација и од ден на ден е се полошо.Поцков,на Гевгелија и е потребна стратегија и итна помош од Владата, вели тој во својот статус.

За ова се огласи пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Ангелинка Петкова која обвини дека се СДСМ се фалеле со проектите на ВМРО-ДПМНЕ.

– Повторно се фалат со проект на ВМРО-ДПМНЕ. Но, од луѓе без срам и образ друго и не се очекува.Родителите на децата од Прдејци три години чекаат да се отвори оваа градинка. Чекајќи, дел од децата пораснаа и тргнаа на училиште.Да потсетам градинката е проект на ВМРО -ДПМНЕ и започната е со изградба 2016 г. и требаше да биде пуштена во употреба 2018 г.Зошто се чекаше три години? Јасно им е на сите дека е заради нивната неспособност. Изгледа со оваа посета ја почнаа кампањата за локалните избори и без срам се фалат дека завршиле проект на ВМРО-ДПМНЕ.Но, моите сограѓани знаат да прават разлика кој и што изгради, а кој само вели ЌЕ…Знаат од кој период имаат канализација, знаат како се приклучуваат на автопатот кон Гевгелија и кој им го овозможи сето тоа, вели во статусот на пратеничката Петкова.

Коронавирус