сабота, 14. декември 2019. Вести денес: 0
home Вести

СДСМ и Пендаровски уништија се што е македонско, армиските „Волци“ заминуваат во историјата

СДСМ и Пендаровски уништија се што е македонско, армиските „Волци“ заминуваат во историјата

Полкот за специјални операции повеќе нема да постои.

„Полкот за специјални операции не се расформира, туку се трансформира во Баталјон на специјални сили, кој ќе биде потчинет на Оперативната команда,  а не како досега на Генералштабот“, велат од Кабинетот на Пендаровски, на прашањето на ТВ Алфа.

Професорот Александар Нацев викендов ја крена на нозе јавноста, обвинувајќи дека Пендаровски и министерката за одбрана Радмика Шеќеринска имале своја агенда за расформирање на најелитниот состав во нашата Армија.

Нацев предупреди дека планот на Пендаровски и Шеќеринска бил дел од договор меѓу коалициските партнери СДСМ и ДУИ, со цел во батаљонот за специјалните намени „Волци“ да се примаат само кадри што ќе бидат одобрени од ДУИ.

Од кабинетот, не го демантираат ова. Велат ќе била обезбедена соодветна правична застапеност на сите заедници во државата.

Извор: ТВ АЛФА