среда, 19. февруари 2020. Вести денес: 27
home Вести

СДСМ и нивните портали фатени во лага и ширење лажни вести

СДСМ и нивните портали фатени во лага и ширење лажни вести

Предмалку во Собранието на Република Македонија, координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски, остро реагираше на ширењето и продуцирањето на лажни вести од страна на социјалните мрежи и на одредени портали дека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ не гласале за Законот за минимална плата.

Тој најостро ги демантираше овие лажни вести и во прилог на тоа, тој јавно го покажа листингот од гласањето на присутните пратеници за овој закон.

Исто така, доказ за тоа дека ова е лажна вест е податокот дека доколку пратениците на ВМРО-ДПМНЕ не гласале за овој закон, како што некои провладини портали пренесоа, тогаш овој закон немаше да биде донесен токму поради недоволниот број на пратеници.

-Порталите под покровителство на СДСМ излегуваат со информација дека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ не гласале за минималната плата. Сакам да го демантирам овој податок затоа што доколку не беа пратениците на ВМРО-ДПМНЕ владеачкото мнозинство немаше доволен број на пратеници за да се изгласа сега овој закон. Да го повторам фактот дека доколку пратениците на ВМРО-ДПМНЕ не гласаа за минимална плата како што лажат овие портали, денес немаше да има доволен број на пратеници за да се изгласа овој закон, нагласи Мицевски.

На крајот од своето процедурално излагање, Мицевски апелираше до таканареченото “координативно тело за борба против лажните вести“ и до Зоран Заев конечно да престанат да ја лажат јавноста и да поработат на едукација на порталите блиски до нив.

-Би замолил за тоа „координативно тело за борба против лажни вести“ кое што го формираше премиерот Зоран Заев и неговиот кабинет заедно да поработат на едукација на овие нивни портали и да престанат да шират лажни вести, заврши Мицевски.