недела, 9. мај 2021. Вести денес: 44
Во живо

ВМРО-ДПМНЕ го одбележува Денот на победата над фашизмот

home Вести

СДСМ и ДУИ преку Џафери ги кочат антикризните мерки бидејќи нема пари во Буџетот

СДСМ и ДУИ преку Џафери ги кочат антикризните мерки бидејќи нема пари во Буџетот

Македонската јавност беше сведок на вчерашната целодневна драма која што се одвиваше во Собранието на Република Македонија. Јавноста се увери дека единствени кочничари на носењето на антикризните мерки кои што се наменети за граѓаните и стопанството се Владата на СДСМ и ДУИ.

Имено, како што секој можеше да се информирам преку малите екрани и социјалните мрежи, СДСМ и ДУИ преку спикерот на Собранието Талат Џафери ги кочат овие антикризни мерки, а како што тврдат опозициските пратеници, ваквиот развој на настаните во законодавниот дом се случува бидејќи власта нема пари во Буџетот и истиот пакет на мерки неможе да го исполни.

По вчерашниот драматичен ден во Собранието, ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш го разобличи Зоран Заев и неговата власт, бидејќи од она што може да се заклучи во моментот, е фактот што со самото кочење на овие закони, Владата признава дека за истите нема пари.

За пошироката јавност да биде подетално информирана, станува збор за законите од таканаречениот „петти пакет“ антикризни мерки кои се однесуваа за помош на населението и стопанството во Република Македонија. Она шато требаше вчера да се случи е токму закажувањето на 36тата седница на Собранието, на која што требаше да бидат изгласани токму овие закони за помош на населението.

Спротивно на тоа, спикерот Талат Џафери ја закажа 32-та пренарна седница со повеќе точки на гласање, притоа знаејќи дека нема парламентарно мнозинство во законодавниот дом, со што во пленарната сала се одвиваше и вистинска драма. Џафери на едноставен начин можеше да констатира дека на 32-та седница нема мнозинство, и веднаш потоа да продолжи со 36-тата седница со што би поминале законите кои се од корист на граѓаните и стопанството, но тоа не се случи.

Од ваквиот развој на настаните може да се заклучи дека власта предводена од СДСМ и ДУИ преку претседателот на Собранието Талат Џафери ги кочат антикризните закони бидејќи во Буџетот нема доволно пари за исполнување на истите.

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ до полноќ беа присутни во Собранието, а со надеж дека ќе биде закажана 36-тата седница за да ги изгласаат токму ови закони, кои најмногу во моментов му се потребни на граѓаните и стопанството.

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски во неговото обраќање во Собранието побара да се закаже 36-та седница да може да се изгласа петтиот пакет на економски мерки за спас на граѓаните и стопанството од ковид кризата.

-Вчера имавме координации, вонредни координации, па јавноста пренесуваше, па договаравме некои работи, па некои работи не договоривме и тие координации се за тоа, за да знаеме текот на седниците како ќе биде, во спротивно која е причината jас да доаѓам кај вас на координации, ако тоа што го договараме и за што ќе знаеме што ќе се случува не го пренесеме на колегите пратеници. Oд тие причини претседателе после целиот ден што го направивте морам да ви кажам дека треба да престанете да правите театар од Собранието, треба да престанете да ја девалвирате вредноста на институцијата Собрание и на пратениците во ова Собрание. Треба барем еднаш да бидете на висината на задачата и треба да прекинете да ги држите граѓаните, компаниите, пратениците како заложници како ваша внатрепартиска, теснопартиска агенда.Ние сме тука, ве чекаме веќе еден час и дваесет минути од времето кое што рековте дека треба да продолжиме , доаѓа време согласно протоколите, пауза после два часа да направиме и сакам да ве известам и вас и македонската јавност дека 32-та седница ние ќе ја напуштиме, и да влеземе за 36-та седница, и да им биде јасно на граѓаните дека пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ денеска е цел ден во Собранието и дека чека да ја отпочнете 36-та седница со законите од економскиот пакет на мерки кои што граѓаните ги чекаат цело време.Откако сега ќе утврдите дека немате кворум прекинете ја 32-та седница, пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ е надвор и дајте да ги изгласаме овие закони кои ги чекаат граѓаните и да заврши театарот кој што го правите, рече Мицевски во своето обраќање.

Мицевски во своето обраќање посочи дека дека власта нема кворум, односно дека мнозинството во Собранието е слабо.

За јавноста ова е уште еден доказ, за тоа кој навистина ги кочи овие закони, а кој навистина се залага за носење на истите. Парламентарното мнозинство на чело со СДСМ го кочи носењето на петтиот пакет економски мерки, уценувајќи ја опозицијата како заложник. Одбиваат да ја отворат 36-та седница додека не изнудат од опозицијата кворум за 32-та седница.

Коронавирус